Кремастата тестенина со лосос е лесна за подготовка, а ова хранливо јадење нема да бара многу труд и лесно можете да го подготвите за време на напорна работна недела.
Овој рецепт ја комбинира богатството на кремастиот сос со свежината на лимонот и копарот. Вкусовите се лесни и избалансирани, а комбинацијата од грашок, копар и лимон особено го нагласува вкусот на лососот.
Состојки:
450 грама филе од лосос, една лажица сол, 340 грама тестенини, две лажици маслиново масло, четири чешниња лук, една чаша павлака за готвење, една чаша рендана кора од лимон, две лажици сок од лимон, 50 грама рендан пармезан, две лажици свежо сечкан копар, една чаша одмрзнат сладок грашок.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете тава со хартија за печење, а потоа зовријте солена вода во голем сад. Ставете го лососот на подготвениот плех и додадете сол. Печете околу 10 минути, додека месото не стане непроѕирно и не почне лесно да се распаѓа со лажица. Во меѓувреме, гответе ги тестенините. Исцедете, но зачувајте околу 2,5 децилитри од водата за готвење.
Загрејте го маслото и лукот на средна температура околу две минути. Додадете ја павлаката и загревајте ја лесно. После тоа, тргнете од оган и додадете го сокот од лимон додека сосот не се соедини и малку не се згусне. Додадете пармезан, копар, кора од лимон и преостанатата сол и добро измешајте сè.
Додадете ги тестенините и грашокот во сосот и измешајте. Доколку е потребно, додадете вода од зготвените тестенини за да ја добиете саканата конзистенција. Исечете го лососот на помали парчиња и нежно измешајте го со тестенините. Сервирајте со дополнителен пармезан и копар.