Храна и Пијалаци

Домашни рум плочки

Домашни рум плочки

Феноменално и слатко, а за кратко време ќе исчезнат од масата.

Состојки:

300 гр излупени компири
100 гр путер или маргарин
100 гр чоколадо за готвење
1 лажица какао во прав
160 гр шеќер во прав
300 гр мелени бисквити
5-6 лажици рум

Глазура:

100 гр чоколадо за готвење
2 лажици масло

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња. Варете ги околу 15 минути. Сварените компири процедете ги и направете пире, да нема грутчиња. Додадете растопено чоколадо и маргаринот. Растопете го и измешајте го какаото, шеќерот, мелените бисквити и румот. Добро измешајте и истурете во тава обложена со хартија за печење. Потоа изладете.

Со глазурата прелијте ја смесата. Потоа се лади на собна температура, па во фрижидер еден час. Исечете ги рум плочките на парчиња и послужете.

To top