СОСТОЈКИ:
300 гр мелени бисквити
четири лажици путер
лажица какао во прав
две лажици мед
ЗА ФИЛ:
700 гр маскарпоне сирење
чаша слатка павлака
чаша шеќер
една лажичка скроб
три поголеми јајца
екстракт од ванила
една лажица сок од лимон
половина чаша карамел сос
чаша кикирики
100 гр чоколадо
ПОДГОТОВКА:
Соединете ги бисквитите, стопениот путер, какаото и медот и добиената смеса притиснете ја во тркалезен калап.
Изматете го маскарпонето со слатката павлака, шеќерот, јајцата, ванилата, скробот и сокот од лимон. Прелијте ја кората и печете во рерна на 170 степени околу 55 минути.
Во меѓувреме растопете го чоколадото на пареа. Изладениот чизкејк прелијте го со карамел и чоколаден прелив, посипете со кикирики, изладете и послужете.