Дали сте слушнале за торта за депресија? И покрај тажното име, таа е многу вкусна
Дали сте слушнале за „депресивна торта“ ? Овој рецепт е создаден за време на Големата депресија и е направена на многу едноставен начин.
Оваа торта е позната како „депресивна торта“ бидејќи потекнува од време кога состојките како јајца и млеко биле луксуз, но сепак е вкусна и лесна.
Состојки:
200 грама брашно
200 грама шеќер
1 лажичка сода бикарбона
прстофат сол
1 лажица оцет
1 лажичка екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
5 лажици масло
250 милилитри вода
Подготовка:
Измешајте брашно, шеќер, сода бикарбона и сол во сад. Додадете оцет, ванила и масло. На крајот, прелијте со вода и добро измешајте сè. Истурете ја смесата во намастен плех или калап.
Печете на 180 степени Целзиусови околу 30-35 минути. По желба, додадете малку шлаг, парче овошје или наросете со шеќер во прав.