Подготовката е лесна, а вкусот неодолив.
Состојки:
За тесто:
6 јајца
прстофат сол
6 лажици шеќер
3 лажици брашно
3 лажици какао
половина кесичка прашок за пециво
За чоколаден крем:
3 јајца
100 гр. шеќер
една лажичка арома на ванила
200 гр. чоколадо за готвење
150 гр. маргарин
Останати состојки:
4 банани
неколку капки сок од лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките со солта и шеќерот во сад. Потоа постепено додадете ги жолчките. Додадете ја просеаната смеса од брашно, какао и прашок за пециво. Нежно мешајте со лажица. Истурете ја смесата во тава обложена со хартија за печење. Печете околу 15 минути, во рерна загреана на 180 степени. Оставете го пандишпанот да се олади 5 минути, потоа завиткајте го во хартија за печење и оставете го да се олади.
Одделно, изматете ги јајцата, шеќерот и аромата од ванила додека не се добие пена, а потоа ставете ја смесата на пареа, мешајќи постојано, додека не се згусне. Додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека не се стопи во мазна крема. Потоа тргнете го тенџерето од пареа и оставете го да се олади. Додадете маргарин на собна температура и изматете додека не добиете мазна крема. Одвиткајте го изладеното тесто и премачкајте го со чоколаден крем, а бананите наредете ги до самиот крај на бисквитот. Замотајте го тестото во ролна, потоа завиткајте го во провидна фолија и оставете го во фрижидер да се стврдне.
На крај, покријте ја ролната со преостанатиот крем и наросете ја со рендано чоколадо.