Храна и Пијалаци превкусно

Дали сте пробале францускa кремпита? Ова е рецепт за поинаква верзија на познатиот колач

Со фил од свежо овошје и крцкаво лиснато тесто со крем од ванила, овој деликатес ќе ве освои уште на првиот залак.

Дали сте пробале францускa кремпита? Ова е рецепт за поинаква верзија на познатиот колач

Кремпита е омилено слатко за многумина, а француската верзија на добро познатиот рецепт е со додавање вишни.

Со фил од свежо овошје и крцкаво лиснато тесто со крем од ванила, овој деликатес ќе ве освои уште на првиот залак.

Состојки:

500 гр лиснато тесто
1,5 л млеко
200 гр путер
10 лажици шеќер
500 мл шлаг
240 гр пудинг од ванила

Крем од вишни:

500 гр вишни
100 гр шеќер
1 пудинг од вишни
1 лажица густин
100 мл вода

Друго:

250 мл шлаг
шеќер во прав

Подготовка:

Пудингот изматете го во 500 мл млеко, додадете 3 лажици шеќер. Во тенџере истурете го преостанатиот литар млеко, додадете 7 лажици шеќер и оставете да зоврие. Додадете пудинг и варете, кога ќе згусне тргнете го од оган. Изладете, а потоа додадете 100 грама путер. Кога целосно ќе се излади, изматете го преостанатиот путер и додадете го во пудингот. На крајот кога убаво ќе се измеша се додава шлагот и се мати со миксер.

Лиснатото тесто развлечете го во димензии 30х35см, избоцкајте со вилушка и печете на 220 степени.

Постапката повторете ја со другото парче лиснато тесто. Измешајте вишни со шеќер. Кога ќе пуштат сок се ставаат да зовријат. Соединете 100 мл вода, пудинг и густин и прелијте ги вишните. Непрекинато мешајте додека кремот не се згусне.

Во тава за печење ставете од печеното лиснато тесто и покријте го со половина од кремот. Одозгора се става филот со вишни. Преостанатата половина од кремот ставете ја врз вишните. Изматете го шлагот и премачкајте го врз кремот. Преостанатиот лист лиснато тесто издробете го, па посипете го врз шлагот. Добро изладете и декорирајте со шеќер во прав.

To top