Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка
Состојки:
1 праз, ситно исецкан
1 голем компир, исечен на коцки
2 средни тиквички исечени на коцки
200 грама свеж спанаќ
3 чаши зеленчукова супа
1/2 лажичка куркума во прав
сол, мелен црн бибер и маслиново масло
Подготовка:
Спанаќот измиен и исцеден пропржете го во малку маслиново масло додека не омекне. Извадете од тавата и оставете настрана.Во тенџере, на загреано маслиново масло, но на умерена температура, испржете ги кратко празот, компирите на коцки, тиквичките, додате ја куркумата и зачинете, пржете сè заедно две минути прелијте со супа и гответе околу 10 минути. Додадете го спанаќот, и на умерена температура гответе уште 10 минути. Да ја добиете саканата текстура, изблендирајте. Доколку сакате, додадете павлака. Уживајте!!