Храна и Пијалаци рецепт

ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ СО КАФЕ Идеални за изненадни гости, а се топат во уста

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад, изматете ги јајцата со шеќер и прстофат сол додека не добиете пенаста смеса.

ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ СО КАФЕ Идеални за изненадни гости, а се топат во уста

Ви треба:

2 јајца
прстофат сол
1 кесичка ванилин шеќер
200 г кафеав или гранулиран шеќер
125 г обичен или ванилин јогурт
1 лажица инстант кафе (растворено во малку млеко)
100 мл млеко
100 мл масло
330 г брашно
1 лажица горчливо какао
1 кесичка прашок за пециво
200 г парчиња темно чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад, изматете ги јајцата со шеќер и прстофат сол додека не добиете пенаста смеса. Додадете јогурт, млеко, масло и растворено инстант кафе, а потоа добро измешајте. Одделно измешајте го брашното, какаото и прашокот за пециво. Измешајте ги сувите и влажните состојки, а потоа додадете ги парчињата темно чоколадо. Мешајте полека. Истурете ја смесата во калапи за мафини до 3/4 од висината. Печете ги мафините околу 20 до 25 минути, во рерна загреана на 180 степени.

To top