Потребно е:
За кората:
200 гр мелен бисквит
100 гр стопен путер
За филот:
600 гр крем сирење
200 гр шеќер
3 јајца
250 мл слатка павлака
1 лажица екстракт од ванила
Подготовка:
Направете кора од мелени бисквити и путер. Се матат крем сирењето со шеќерот, се додаваат јајцата едно по едно, па кремот и ванилата. Прелијте ја кората и печете во загреана рерна на 160 степени околу еден час. Вашиот чизкејк е готов. Добар апетит!