Храна и Пијалаци речепт

Чизкејк кој е поубав и покремаст од класичниот

Ако сакате чизкејк, пробајте чизкејк од Баскија или Сан Себастијан, кремасто совршенство.Баскискиот или Сан Себастијан чизкејкот е вистинско слатко совршенство и одлична алтернатива за љубителите на трислојниот чизкејк (основа од овошје, крем и бисквит). Потекнувајќи од истоимениот град во баскискиот регион во Шпанија, рецептот го создал Сантијаго Ривера за неговиот ресторан во Сан Себастијан.

За некои, оваа торта е уште попопуларна од класичната Њујорк, а се разликува по тоа што нема подлога за бисквити; состојките се мешаат и веднаш се истураат во калапот, а чизкејкот има лесна текстура, додека се создава неверојатна кора од карамела и има сличен изглед на крем бруле.

Еве еден од рецептите Сан Себастијан чизкејкот, кој е популарен на TikTok.

Состојки:

500 грама маскарпоне сирење
200 грама крем сирење
400 мл слатка павлака
3 јајца
100 грама шеќер
30 грама брашно
арома на ванила

@harrycoop.er San Sebastián cheesecake 👨🏼‍🍳⁣ Potrebno vam je: ⁣ 500g mascarpone sira⁣ 200g krem sira ⁣ 400ml vrhnja za kolace⁣ 3 jaja ⁣ 100g šećera⁣ 30g brašna ⁣ aroma vanilije ⁣ ⁣ Priprema: ⁣ Kratko izmiješati sireve sa šećerom, potom dodati jaja i izmiješati. Nakon jaja dodati vrhnje i aromu vanilije. Kada ste sve izmiješali i dobili smjesu bez grudvica dodati i brašno, također izmiješati da ne bude grudvica. ⁣ Smjesu preliti u kalup promjera 20cm obložen papirom za pečenje. Cheesecake peći 45 min na 220C u prethodno zagrijanoj rerni. Nakon pečenja ostaviti da se kratko ohladi te prebaciti na hlađenje u frižider. Idealno preko noći, minimalno 2h. ⁣ Servirati uz kremu sa pistacijama ili čokoladu, samo ih malo zagrijte da budu tečni 😁. #harrycoopersfood #sansebastiancheesecake #recepti #kolač ♬ Otra Vez – ProdMarvin

Подготовка:

Измешајте го сирењето маскарпоне со крем сирењето и шеќерот, па изматете. Додадете ги јајцата и продолжете со мешањето, а потоа слатката павлака, ванилата и малку брашно.
Смесата без грутки истурете ја во обложен калап и печете 45 минути на 220 степени. По печењето почекајте да се излади и послужете со прелив.

To top