Храна и Пијалаци сладок десерт

Брзо се прават, а се топат во уста: Овие ванилици ќе ве освојат од прва

Додека се топли наполнете ги со џем од сливи

Брзо се прават, а се топат во уста:  Овие ванилици ќе ве освојат од прва

Потребно е:

1/2 килограм маснотии
2 децилитри јогурт
1 килограм брашно
Џем од сливи

Подготовка:

Со блендер комбинирајте го јогуртот и маснотиите. Во смесата полека додавајте го брашното, малку по малку. Кога смесата ќе стане доволно „брашнеста“, продолжете со мешањето со раце. Со рака замесете мазно тесто.

Вклучете ја рерната.

Тестото обликувајте го во топка и префрлете го на набрашнета работна површина. Исечете го тестото на два еднакви дела. Прво земете едно топче и развлечете го, земете мала чашка за ракија и истиснете со неа кругови од тестото.

Повторете го ова со другата топка од тесто. Плехот со тестото ставете го во загреана рерна да се пече 15 до 20 минути на 180 степени. Додека се топли наполнете ги со џем од сливи.

To top