Лукот му дава на јадењето феноменален вкус, затоа направете незаборавни шпагети за кратко време.
Состојки:
* 250 гр шпагети
* 100 мл крем за готвење
* 1 литар вода
* 8 чешниња лук
* 3 лажици маслиново масло
* сол, бибер
* 100 гр рендан пармезан
* малку свеж магдонос
Подготовка:
Во тавата се прелива маслиново масло и се додава сечканиот лук. Се пржат на тивок оган додека не омекне лукот (не смее да порумени).
Потоа додадете го кремот за готвење, солта и биберот и често мешајте додека смесата не стане густа.
Во тенџерето се прелива вода, се посолува и додава една лажица масло. Кога ќе зоврие додадете ги шпагетите и сварете ги.
Готовите тестенини послужете ги на чинии, прелијте ги со сосот, посипете со рендан пармезан и украсете со магдонос.