Состојки:
500 гр урми без семки
150 гр мелени бадеми
100 гр шеќер
100 гр мелени посни бисквити
1 кесичка цимет
За декорација:
50 гр сечкани бадеми
Подготовка:
Исечкајте ги урмите и потопете ги во топла вода 5 минути. Извадете ги од водата и изгмечете ги или исецкајте ги со рачен миксер. Додадете мелени бадеми, шеќер, бисквити, цимет. Соединете сè за да добиете компактна смеса и направете топчиња. Извалкајте секое во сечкани бадеми.