Секој месец, Универзумот ни дава мал подарок – толку мал што лесно можеме да го пропуштиме. Се разбира, тоа е младата месечина, лунарна фаза која се случува на секои 28-30 дена и ни дава можност за нови почетоци.
Следната млада месечина се случува токму денес на 13 декември, ќе биде во знакот на слободниот, авантуристички и духовит Стрелец и ќе влијае на секој хороскопски знак.
Меѓутоа, кога станува збор за љубовта, само некои членови на хороскопскиот систем би можеле да им го променат животот, а во секој случај, младата месечина е можност да ги преиспитате вашите вредности, да размислите за што е време да завршите и кое ново поглавје ви е може да се отвори.
Енергијата на младата месечина е многу силна, па оние кои веруваат во неа и во астрологијата често ја користат оваа месечина за да привлечат позитивни промени во својот живот, преку манифестации и разни други ритуали.
Поставете намера
Младата месечина ни дава дополнителен поттик за поставување нови цели, а овој период може да се искористи со фокусирање на една или две намери кои ни се особено важни. Одвојте малку време за да дефинирате една цел, што е можно појасна, конкретна и концизна, како на пример „Ќе најдам нова работа која ми носи задоволство и поголема плата“ или „Следниот пат ќе го положам испитот“.
Не само што ќе го информирате универзумот за вашите аспирации, туку и конкретно ќе се фокусирате на она што е важно за вас.
Започнете нешто ново
Ако не сте тип за манифестации и ритуали, можете да ја искористите младата месечина за, сосема едноставно, нов почеток.
Ноќта на младата месечина се смета за најплоден ден од лунарниот циклус, па затоа е погоден момент да отворите нова страница од вашиот живот: запишете странски јазик, аплицирајте за работата за која сонувате, конечно испратете порака до некој што ви се допаѓа…
Запалете свеќа
Свеќите имаат силна моќ во однос на енергијата, па не е чудно што многу луѓе ги користат за време на релаксација и медитација. Тие често се користат во разни ритуали за да привлечат среќа и изобилство, па дури и ако не верувате во нивната моќ – секогаш е убаво да се опуштите со миризлива свеќа, нели?
Ноќта на младата месечина, обично се пали свеќа со повик до Универзумот да го осветли нашиот живот, а вие можете да ја повторите три пати гласно или да ги запишете вашите манифестации и намери.