Хороскоп

УТРЕ НИ ДОАЃА ЗАТЕМНУВАЊЕ НА МЕСЕЧИНАТА: Овие четири хороскопски знаци ги очекуваат важни пресврти!

УТРЕ НИ ДОАЃА ЗАТЕМНУВАЊЕ НА МЕСЕЧИНАТА: Овие четири хороскопски знаци ги очекуваат важни пресврти!

Затемнувањето на полната Месечина во Вага ќе се случи на 25 март, а четири хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени од оваа астролошка појава, на љубовно поле.

Овен

За Овните, затемнувањето ќе биде поврзано со меѓучовечките односи воопшто, а не само со романтичните. Постои можност да ставите точка на врска, да раскинете договор на работа, па дури и да донесете одлука да „свртите нов лист“ и да започнете нова фаза во постоечката љубовна врска.

Вага

За Вагите, затемнувањето значи дека ќе имаат зголемена желба да внесат драстични промени во нивниот живот. Ќе работите на започнување нова врска или подобрување на старата. Фокусот ќе ви биде и на вашиот физички изглед, стил – ќе се осмелите да направите промени. Не е исклучено да започнете романса на работа.

Риби

Затемнувањето се случува во вашиот интимен сектор, а диспозиторот Венера е во вашиот знак. Тоа значи дека може да имате некои пречки и новитети во врска со партнерот или ќе поминете низ сериозна криза во врската и ќе одлучите да ставите крај на ова поглавје во вашиот живот.

Девица

Затемнувањето се случува во вашиот сектор на самодоверба, но присутно е и во куќата на партнерството и бракот. Тоа значи дека на 25 март може да имате откритие поврзано со тоа како другите ве гледаат, но и како вие се доживувате себеси. Ќе се разберете подобро, што драстично ќе го промени вашиот став во љубовните врски. Само напред!

To top