ОВЕН
Иaĸo е последен работен ден, ќе бидете мотивирани да, и покрај некои сплетки, сите зацртани обврски успешно да ги завршите. Слободните би можеле да бидат во искушение да запознаат нова личност која доаѓа од странство. Можна главоболка.
БИК
Солиден ден е пред вас без поголеми пречки, иако со малку повеќе потрошена енергија, да ја завршите оваа работна седмица на задоволителен начин. Ако се во врска, треба да почнете да ја планирате иднината и да работите на зајакнување на оние слаби алки на вашиот однос. Одлично здравје.
БЛИЗНАЦИ
Ви следуваат успешни договори, како и комуникација со личностите кои би можеле да бидат од значење, и тоа на долг период. Немојте да брзате за ништо. Ако размислувате за враќање по старо во љубовниот живот, совет е тоа да не го правите. Можни се алергиски реакции.
PАК
Некои договори од порано би можеле да се на ваша голема радост, почнат да се движат во добар правец. Некои ваши решенија ќе им се допаднат на надредените. Во љубовта за се треба искрено да разговарате, а не да се оддалечувате и да гледате само за себе. Физички замор.
ЛАВ
Немојте да се нервирате ако работите не одат онака како што сте замислиле. Бидете флексибилни. Оние кои се во врска или во брак, може да имаат различни погледи на некои суштински прашања во актуелниот партнерски однос. Занимавајте се со проблемите заеднички.
ДЕВИЦА
Ве очекуваат важни договори, контакти со лицата кои имаат слух за вас и кои ве разбираат. Поради тоа немојте да пропуштите шанса да се покажете во вистинско светло. Може да бидете со недоверба и строги кон саканата личност, иако таков однос можеби не заслужува. Можни кардиваскуларни тегоби.
ВАГА
Овој петок би требало да продолжи трендот на успешни денови на работа. Ве очекува опуштен ден. Во љубовта, искористете го денот за забава и уживајте во заедничките моменти со саканата личност. Исполнете некои од ветувањата кои сте ги дале. Многу добро здравје.
ШКОРПИЈА
Ако ништо не форсирате, сосема е извесно дека ве чека солиден ден и завршување на сите работни обврски. Во љубовта би било добро да не давате премногу причина за љубомора кај саканата личност. Чувствителност во кичмата.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува доста работа околу формални завршувања на порано започнати обврски. Многу ви значи личноста која ви се допаѓа, но никако директно да и кажете. Опуштете се. Можна главоболка.
ЈАРЕЦ
Дeнecка вие сте во преден план, и никако немојте да се сомневате во своите одлуки и постапки. Одличен ден набиен со страст е пред вас кога е во прашање љубовното поле. Искористете го на вистински начин. Одлично здравје.
ВОДОЛИЈА
Колку и да ви паднало тешко на прв поглед, ќе направите добра работа ако ја искористите позитивната комуникација со проверените соработници и ја насочите кон поставената цел. Просечен и релативно мирен ден на љубовното поле. Некои работи треба да се подобри, особно кога се во прашање заедничките интереси.
РИБИ
И натаму би можеле да очекувате доста работи околу некои незавршени обврски, пред се документации и рокови. Наместо да се нервирате, организирајте се подобро. Во љубовта, немојте да се враќате во минатото. Треба максимално да се свртите кон плановите за во иднина. Зајакнете го имунитетот.