Хороскоп

Рибите добро да се организираат, Стрелецот да ја насочи енергијата во добар правец

Рибите добро да се организираат, Стрелецот да ја насочи енергијата во добар правец

ОВЕН

Во текот на овој петок нема да имате многу проблеми околу завршувањето на работите, па дури и на оние најкомплицираните. Потрудете се да организирте некој собир со пријателите, ќе ви годи дружба. Здравјето е многу добро.

БИК

Пред да ги работите новите обврски, би било добро да ги завршите започнатите од порано. Во љубовта, треба да ја ставите вашата врска на прво место, да ви биде приоритет во однос на другите работи. Хронични тегоби.

БЛИЗНАЦИ

Заостанатите долгови ви доаѓаат за наплата, а можеби ви стигнат и некои сметки за кои не сте директно одговорни. Ако сте задоволни од постоечката љубовна ситуација, нема причина ништо да менувате. Можни стомачни тегоби.

РАК

Иако е петок, не одбивајте премногу да се опуштите и да дозволите обврските да ви се насоберат. Решавајте ги едно по едно на време. Без брзање кога е во прашање нова врска. Пуштете се да оди по природен тек. Чувствителност на грлото.

ЛАВ

Напорен петок е пред вас. Не ви останува ништо друго освен да се „фрлите“ на работа и пред се она што заостанува да го доведете до крај и ќе успеете во тоа. Во љубовното поле, проверете дали вашите визии и визиите на другата страна се поклопуваат за понатаму. Се чувствувате емотивно празно. Хронични тегоби се можни.

ДЕВИЦА

Можеби некои работи ќе мора да ги повторувате и да почнувате од почеток. И нема тука многу филозофија. Можните мали или поголеми искушенија на љубовното поле обидете се да ги надминете, пред се со желба и волја проблемите да ги согледате од друга перспектива. Можни осцилации на крвниот притисок.

ВАГА

Не се исклучени проблемите кои се однесуваат на роковите кои мора да ги испочитувате, особено кога е документација во прашање или кога се врзувате за договори. Потрудете се да не се избламирате. Ќе биде добро да се воздржите од љубовни коментари. Може само да ја закомплицирате ситуацијата. Чувајте се од настинка.

ШКОРПИЈА

Можеби ќе се чувствувате под притисок се да завршите пред викенд. Затоа и потрудете се максимално. Кај слободните нешто се случува, но тие случувања не ви даваат доволно силна мотивација. Ќе има доволно прилики. Здравјето е одлично.

СТРЕЛЕЦ

Ќе имате доста енергија и покрај сите пречки кои може да се појават денеска. Потрудете се да ја насочите кон добар правец на приведување кон крај на започнатото. На љубовното поле, некој од поранешната љубов ќе сака да ја обнови комуникацијата. Добро размислете. Здравјето е многу добро.

ЈАРЕЦ

Можеби ќе морате денеска да направите некои компромиси и да прифатите некои услови кои не биле онака како што сте скале и сте очекувале. Во љубовта, искористете го денот и посветете доволно внимание и разбирање кон саканата личност. Чувајте се од настинки.

ВОДОЛИЈА

Иако овој ден би можел да ви делува конфузно и стрестно, морате да најдете модел обврските да ги приведете кон крај. Може да бидете премногу критички настроени кон саканата личност. Проверете дали вашите примедби се на место. Пад на енергија.

РИБИ

Ќе морате добро да се организирате за да успеете на време и се како што треба да завршите. Слободните ќе имаат силна желба да го минат времето со една личност, но како да не се отвора вистински простор и вистинска шанса за реализаиција. Бидете трпеливи. Можни кардиоваскуларни проблеми.

To top