ОВЕН
Обидете се да постигнете рамнотежа меѓу желбата да завршите повеќе работа и да не избрзувате за да не правите грешки. На работното место контролирајте го гневот и емоциите за да не го нарушите вашиот авторитет, дури и ако колегите ви влијаеле. Избегнувајте состаноци. Не бидете наивни доколку ве маѓепсаат големи идеи за нечиј иден успех, бидејќи тие не ве засегаат.
БИК
Денеска сте многу енергични и исполнети со желба за успех. Почитувајте ги деловните квалитети на вашите партнери. Не обидувајте се да ги критикувате вашите соработници и не дозволувајте да знаат дека ве повредиле и дека сакате да им возвратите. Не избрзувајте. Напорите се успешни, но подобро е да ги одложите.
БЛИЗНАЦИ
Ќе дојдете до нови сознанија и вистини за себеси кои ви овозможуваат да ги постигнете вашите цели. Доколку ви биде понудена нова работа, договорете се да одржите прелиминарно интервју во текот на наредната седмица. Можете да го постигнете успехот за кој сонувате во вашите напори и на работното место, доколку не претерате со вашите материјални аспирации.
РАК
Комуникацијата ви користи. Немојте само да зборувате, дајте им збор и на вашите колеги. Не обидувајте се да водите дискусии за финансирање без присуство на вашиот непосреден претпоставен. Немате доволно искуство во предложената дополнителна работа. Бидете искрени и одбијте ја наместо да се изложите на неуспех.
ЛАВ
Иако ве просветлуваат нови идеи и ви е добро расположение, ќе се соочите со потешкотии и на работното место и дома. Причината за тоа се изјавите на луѓе кои не ви посакуваат добро, кои ги навеле вашите партнери на отворено нетпрение и агресивност. Не трошете го времето на залудни објаснувања. Ве советуваме да заборавите на вашите лични проблеми и да работите одговорно и темелно.
ДЕВИЦА
Одбивате да ги согледате вашите грешки, а овој факт ќе ве турне на погрешно однесување што може брзо да предизвика неуспех. Ваше е да избегнете конфликти со деловните партнери поради вашите промени во расположението. Бидете внимателни со новите деловни познаници. Не споделувајте ги вашите идеи, бидејќи тие можат за миг да ви ги грабнат од пред нос и по само неколку дена да ги реализираат.
ВАГА
Создадете хармонија и мир во вашата врска. Исполнетете се со добро расположение за да успеете и покрај тешкотиите. Бидете внимателни во разговорите, особено ако се поврзани со вашите професионални планови. На работното место за можни проблеми поради ваши грешки, кои ќе ве направат нервозни, но ќе се снајдете.
ШКОРПИЈА
На работното место избрзувате и сте со променливо расположение, а колегите тешко го поднесуваат таквото ваше расположение. Одложете ги деловните состаноци и зафатете се со вашите рутински задачи. Расположението ви е песимистичко. Причината поради која сте возбудени и вознемирени е поради неможноста да разберете кон што се стремат вашите најблиски во однос на вашите приходи.
СТРЕЛЕЦ
Денеска се задолжителни анализи и преоценување на сопствените постапки и достигнувања. Бидејќи среќата е со вас, таа може да ве измами иако сакате да ги дојдете до пари со волшебно стапче. Не сте предодредени да добиете ништо без да работите. Откажете се од расправиите, бидејќи не сакате да го слушнете мислењето на вашиот соговорник.
ЈАРЕЦ
Имате можност брзо да ја стабилизирате вашата нестабилна финансиска состојба и тоа уште во утринските часови. Не одбивајте понуди за дополнителна работа. На работното место одлично ќе се справувате со сите ваши задачи, доколку не се потпирате на нечија помош. Бидете добронамерни и не ја одбивајте да им пружите помош на колегите.
ВОДОЛИЈА
Можете да патувате. Бидете коректни во односите со луѓето околу вас и приберете се дома рано вечерта. Ќе се соочите со проблеми во комуникацијата. Не преговарајте за инвестиции, дури и ако сте ги планирале и разговарале за нив со колегите, бидејќи следната седмица вашите планови може да се променат.
РИБИ
Денеска сте премногу енергични и се прашувате на која работа да ја вложите вашата енергија. Двоумењето ве исполнува со возбуда и вознемиреност. Пазете се од неумереност и расправии со колегите. Одложете ги деловните состаноци, бидејќи денот не ви оди во прилог, а избрзаните зборови ви штетат. Внимавајте какви информации споделувате и со кого.