Последниот ретрограден Меркур оваа година ќе донесе само проблеми за некои хороскопски знаци.
Четири знаци ќе бидат силно погодени од ретроградното движење на оваа планета.
Од 13 декември 2023 година до 1 јануари 2024 година, Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи ретроградно за последен пат во годината. Овој ретрограден Меркур најмногу ќе влијае на Јарецот, Вагата, Овенот и Ракот.
Ретроградното движење генерално се смета дека навестува негативни промени, задоцнувања, блокирање на плановите и проектите, откажувања…Неговото ретроградно движење може да резултира со промени во пријателствата, немир и недоразбирање во врските, или воопшто несогласувањата, погрешна комуникација и општа конфузија, напнатост и главоболки, но и несигурност за работата и личните проекти.
Ретроградното движење на Меркур ќе влијае на сите хороскопски знаци, но најпогодени ќе бидат четири знаци од Зодијакот.
Јарец – Треба да посветите посебно внимание на финансиите. Можни се пропаднати договори, измами па дури и грабежи во овој период. Се што треба да потпишете, купите или продадете, одложете го за периодот по 1 јануари. Истото важи и за склучување сојузи со нови партнери како и за промена на работното место.
Вага и Рак – Ретроградниот Меркур ќе ги погоди Вагата и Ракот во овој период на романтичен план. Затоа, астролозите советуваат да не носите избразни одлуки од типот на прекинување на врска или влетување безглаво во нова врска. Ако се разделите со партнерот/ката во овој период најверојатно многу ќе зажалите веќе во јануари, но веќе ќе биде доцна да се поправи работата. Секоја нова врска во овој период е однапред осудена на пропаст. Внимавајте и на љубовните триаголници, лесно може да бидете фатени на дело!
Овен – Скандали на работното место се извесни во периодот на ретрограден Меркур за Овните. Внимавајте кому што зборувате и следете го внимателно секој ваш потег, но и оние на колегите. Лесно може да бидете надитрени и наместени во периодот до 1 јануари. Добро чуваните тајни, исто така, може да излезат на виделина, а некои „тајни“ работи можат да изгубат контрола.