Новата година започна, а со нејзиното доаѓање секогаш размислуваме за нови планови, идеи, успеси… Астрологијата смета дека успехот и среќата често зависат од положбата и движењето на планетите и дека важните потези треба да се планираат соодветно.
Јануари има неколку големи астролошки промени, за кои астролозите велат дека ќе бидат најмоќните денови од јануари 2024 година. Секој од нив е позитивен и може да биде вашиот најсреќен ден во првиот месец од годината:
2 јануари
Денес, Меркур го завршува својот ретрограден тек, завршувајќи еден многу предизвикувачки астролошки период. Меркур претставува интелигенција, патување и финансии, па овие полиња конечно ќе почнат да цветаат.
4 јануари
На овој ден влијанието на Марс ќе биде најсилно и ќе ни донесе силна желба да се бориме и да одиме напред. До 13 февруари Марс ќе биде во најдобра позиција во цела 2024 година, па обидете се да го искористите силниот потенцијал на овие среќни денови.
14 јануари
Меркур на овој ден влегува во знакот јарец во кој „добро се чувствува“ и не поттикнува да станеме подобри на духовно и интелектуално ниво.
23 јануари
Венера тој ден ќе влезе во знакот јарец и ќе ни донесе целосна благосостојба на сите нивоа, особено на полето на љубовта, како и наплив на енергија
27 јануари
Уран на овој ден го завршува својот ретрограден тек и овој строг транзит ќе има многу силен, корисен ефект. Очекувајте убави изненадувања.