Хороскоп

Неговиот хороскоп открива: Што сака вашиот партнер за Денот на вљубените?

Неговиот хороскоп открива: Што сака вашиот партнер за Денот на вљубените?

Бирање подароци за партнерот во повеќето случаеви е тешка задача, бидејќи во исто време сакате да го воодушевите и изненадите, а тоа е исклучително тешко кога станува збор за Денот за вљубените.

За среќа, и во оваа ситуација може да се потпреме на хороскопот, па со оглед на знакот на посилната половина, може да се открие што сака тој.

Овен

Овенот сака убаво парче накит со кое може да се пофали. Луѓето родени во овој знак едноставно сакаат скапи и луксузни работи и очекуваат од нивните партнери тоа да го знаат.

Бик

Биковите сакаат авантура. Тие се спремни за акција, но бидете сигурни дека во тој процес ќе научат нешто ново, бидејќи само тогаш тоа го сметаат за добар подарок.

Близнаци

Тие сакаат изненадувања. Близнаците сакаат стари предмети кои им будат убави сеќавања и предмети поврзани за она што ги интересира, како што се детали од филмови и серии кои ги сакаат.

Рак

Раковите ќе бидат среќни ако добијат букет рози и нешто што покажува дека ги обожувате. Колку букетот е побогат – толку подобро. Тие копнеат по традиционална романтика.

Лав

Лавот сака да го „полиете“ со внимание и романтичен гест. Почнете да обрнувате внимание на деталите од неговиот или нејзиниот живот, за да може да бидете во тек со она што Лавот секојдневно го прави.

Девица

Девицата ќе биде задоволна со нешто убаво, креативно и романтично. Иако се романтични како Раковите, Девиците ценат оригиналнот, па не очекувајте да се задоволат со бомбоњера и ружа.

Вага

Вагата ќе биде воодушевена со интимен и мистериозен состанок. Таа го сака целото ваше внимание на Денот на вљубените и најверојатно фантазира за нешто што е секси и на граница на табу.

Шкорпија

Би биле среќни кога би добиле стара колекција со астролошки книги. Шкорпиите по природа се трагачи по вистината, а истовремено се и многу љубопитни. Шкорпиите најмногу сакаат старински вредности.

Стрелец

Иако Стрелецот најмногу сака авантура, овој знак е прилично плашлив на тоа поле. Но, од друга страна, желбата за патување е преголема, па мора да најде начин како да се помири со овие две спротивности во себе. Поради тоа, најдобро е да му купите книга која ќе може да му помогне да најде најдобар начин за справување со своите финансии, за да си ги исполни своите потреби.

Јарец

Јарецот најмногу сака да биде главен и да биде прашан за сè, а таа потреба е особено зголемена кога знае дека со нешто може да биде изненаден. Сепак, ако немате храброст да го прашате било што, следете ги неговите навики исто како што тоа треба да го направите со Лавот, и дознајте што го интересира.

Водолија

Тие секогаш се расположени за нешто магично и несекојдневно. Некое духовно искуство или членарина за јога ќе биде совршен подарок за Водолија.

Риби

Идеален подарок за нив е карта за концерт на нивниот омилен изведувач. И покрај тоа што Валентајн е интимен ден, Рибите би биле најсреќни кога би го поминале во што е можно поголемо друштво.

To top