Овен 21.03-19.04
Нема да бидете задоволни додека не докажете што можете да постигнете. Сепак, неопходно е да бидете потрпеливи. Бидете внимателни да не заборавите некој финансиски детаљ, што може скапо да ве чини. Време е да се ослободите од лошите навики на љубовен план и да пробате нешто ново.
Бик 20.04-20.05
Времето поминато со млади луѓе и со деца ќе ви го подобри расположението. Бидете поразумни со обврските што ги преземате и не сметајте дека сте неуништливи. Мора повеќе да внимавате повеќе на сопственото здравје. Време е искрено да зборувате за сопствените емоции и да си дадете шанса за љубов. Признајте си дека долго време се плашевте да излезете од зоната на комфорот.
Близнаци 21.05-20.06
Натпреварувачки сте настроени, па и најситните забелешки може да ви се чинат како отворен повик за војна и предизвик. Успесите што ги постигнувате на професионален план ќе ви донесат финансиски добивки. Полесно ги разбирате емоциите на партнерот. Ако сте сингл, ќе сфатите каде ви биле грешките во минатото.
Рак 21.06-22.07
Нема потреба да се спротивставувате на промените што мора да ги направите. Прифатете дека тие се одлична можност за да одите нанапред. Можни се убави вести на поле кариера. Веројатно ќе го добиете унапредувањето што долго време го очекувате. Потребно е да воведете новитети на љубовен план. Ако сте сингл, преку пријатели може да запознаете некоја личност што брзо ќе ве освои.
Лав 23.07-22.08
Чувствувате дека работите само за туѓа корист. Не се откажувајте и не заборавајте дека е и во ваш интерес работите да ги завршите ефикасно. Немате нерви за административните обврски што ви се наметнуваат. Подобро е да ги оставите за некој друг ден. Време е да бидете креативни и да воведете нешто ново во секојдневието со партнерот. Ако сте сингл можно е да запознаете некоја личност што ќе ви ја врати надежта во љубовта.
Девица 23.08-22.09
Луѓето околу вас ќе ви го покажат вистинското лице и ова ќе биде ден исполнет со изненадувања. Свесни сте дека креативноста и љубезноста ви се најсилни адути на професионален план. Покажете зошто сте незаменливи, а наскоро може да очекувате и финансиски добивки. Шармантни сте и привлечни и со леснотија ќе ја заведете секоја личност што ви се допаѓа. Сепак, бидете внимателни, можно е враќање на некоја личност од минатото, што ќе ви ги промени плановите.
Вага 23.09-22.10
Вашата склоност за забележување детали ќе ви помогне да избегнете грешки и некоја непријатна ситуација. Нема да дозволите луѓето да си поигруваат со вас. Се залажувате себеси дека работите се одлични на финансиски план. Размислете добро дали сте заборавиле некои важни обврски. Вложувате двојни напори за да си ги остварите соништата на љубовен план. Но, неопходно е да се ослободите од лошите навики што ве спречуваат во намерите.
Скорпија 23.10-21.11
Земете длабок здив и тоа ќе ви помогне да се ослободите од стресот заради промените што мора да ги направите. Можно е да започнете некој проект што ќе ви донесе поголеми финансиски добивки. Ќе најдете начин да се справите со грижите на љубовен план. Време е или да свртите нов лист во вашата врска со партнерот или да започнете ново поглавје на љубовен план.
Стрелец 22.11-21.12
Заморот што го чувствувате е знак дека ви е потребен одмор и да побегнете од секојдневието. Итрината нема да ви биде доволна за да остварите успех на професионален план, неопходно е да покажете дека знаете и да соработувате со колегите, кога е неопходно. Го занемарувате љубовниот живот. Ако сте во врска, тоа нема да му се допадне на партнерот.
Јарец 22.12-19.01
Избегнувајте бурни дискусии што непотребно ви ја трошат енергијата. Ќе докажете дека сте во право, нема потреба да се грижите за тоа. Ќе успеете да решите некој финансиски проблем што долго време ве оптоварувал. Ако дејствувате брзо, резултатот ќе биде подобар отколку што сте очекувале. Уживајте во хармоничните мигови поминати со партнерот. Можно е некоја личност неочекувано да ви признае дека подолго време има чувства за вас.
Водолија 20.01-18.02
Знаете како да ги убедите и да ги мотивирате другите да ве следат во работата. Сепак не дозволувајте им на луѓето да ве искористуваат. Ослободете се од оние што се со вас само од корист. Заморот што го чувствувате е последица на тоа што не внимавате доволно на себе си и не внесувате доволно течности. Ако сте сингл, можна е љубов на прв поглед. Ако сте во врска, ќе уживате во романтичните мигови поминати со партнерот.
Риби 19.02-20.03
Држете се цврсто до своите ставови не потпаѓајте под туѓо влијание. Сепак, не избувнувајте со вашите реакции и покажете дека сте способни брзо да се адаптирате на промените. Понекогаш е убаво да имате повеќе опции во животот. На љубовен план ве водат емоциите. Ако сте во врска, очекувајте партнерот да ви приреди романтичен чин, по што ќе се чувствувате исполнети.