Овен 21.03-19.04
Денес ќе имате огромна поддршка од шефот, дури и колегите да не се на ваша страна. Дома работите полека се смируваат, а вие чувствувате олеснување. Ако сте сингл, вечерва излезете со пријателите во кино или во ноќен клуб и опуштете се.
Бик 20.04-20.05
Денес ќе успеете да завршите некоја работа што ја одложувате подолго време. Не ги земајте при срце коментарите на луѓе кои не ви се блиски, бидејќи тие воопшто и не ве познаваат. Ако сте сингл, дозволете си да се забавувате и да уживате.
Близнаци 21.05-20.06
Мотивирани сте да завршите некоја работа и денес фокусот ќе ви биде насочен кон тоа. Семејството смета дека тие треба да ви бидат приоритет, па можни се негативни коментари на ваша сметка. Ако сте во брак, разговарајте со партнерот за некое финансиско вложување или купување нов автомобил/плац за градење.
Рак 21.06-22.07
Денес ќе добиете позитивен фидбек за некој проект на кој работите и тоа ќе ви биде дополнителен мотив да го завршите успешно. Чувствувате замор, па искористете го пладнето, но и претстојниот викенд за да се одморите. Ако сте сингл, некој од вашето минато ќе се обиде повторно да стапи во контакт со вас.
Лав 23.07-22.08
Вашата дарежливост денес може да доведе до непредвидени трошоци, па затоа не се залетувајте. Некој колега преку една своја постапка ќе ви покаже дека е љубоморен на вас. Ако сте во врска, партнерот ќе ви помогне да согледате појасно некои работи.
Девица 23.08-22.09
За некои работи се вртите во круг, но засега нема да успеете да најдете решение. Не ги ставајте на пиедестал луѓето кои не го заслужуваат тоа. Ако сте сингл, можно е да излезете на љубовен состанок со личност со која веќе некое време комуницирате преку интернет.
Вага 23.09-22.10
Телефонот денес нема да престане да ви ѕвони, а тоа ќе ви пречи во работата. Ако сакате во домот нешто да биде по ваше, убедете го семејството дека сте во право со силни аргументи, а не со инает. Слободните Ваги се во дилема дали да ѝ дадат нова шанса на некоја поранешна љубов.
Шкорпија 23.10-21.11
Денеска пристапете им полека на работите – не се форсирајте и не правете ништо со сила. Некои шкорпии ќе сакаат да си купат нешто ново за да се расположат, а шопингот го гледаат како терапија за опуштање. Шкорпиите во брак ќе треба да разговараат сериозно со партнерот за некои семејни несогласувања.
Стрелец 22.11-21.12
Можеби имате многу работа, но не брзајте и не носете импулсивни одлуки за да не направите грешка. Времето поминато со семејството ќе ви го даде потребниот мир и чувство на љубов. Ако сте во врска, размислете дали треба да скриете некои работи од партнерот.
Јарец 22.12-19.01
Иако сте под притисок, денес успешно ќе ја завршите работата и ќе отидете на викенд опуштени. За да си го подобрите здравјето поминете малку време во природа и почнете редовно да внесувате витамини. Јарците во врска ќе добиваат мешани сигнали од партнерот, но нема да сакаат да разговараат со него/неа за тоа.
Водолија 20.01-18.02
Денес ќе покажете голем ентузијазам на работа и тоа ќе ви помогне лесно да ги завршите деловните задачи. Некои Водолии ќе мора да се соочат со личност од семејството за која немаат високо мислење. Ако сте сингл, денес е подобро да останете дома отколку да излезете со пријателите кои се во врска.
Риби 19.02-20.03
Ве окупираат многу работи и не сакате да оставите ништо на случајноста, но ќе мора да се потрудите повеќе ако сакате да ги завршите работите до крај. Здравјето треба да ви е на прво место, па потрудете се да внимавате повеќе на себе. Ако сте во врска, можно е партнерот да ве изненади пријатно.