Овен 21.03.-20.04.
Денеска не е најдобар ден за еротика, зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Загрижено ги следите сите новости, но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Бидете трпеливи.
Бик 21.04.-20.05.
Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Добивате одредена заштита, но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Бидете праведни.
Близнаци 21.05.-21.06.
Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Ако повторно се посомневате во вашите способности, само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Соработувајте со младите.
Рак 22.06-22.07.
Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро, како и деловните партнери да ве почитуваат. Одлично сте расположени.
Лав 23.07-22.08.
Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Бидете одговорни.
Девица 23.08.-23.09.
Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Држете се до своите деловни партнери, зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Прошетајте се на свеж воздух.
Вага 24.09.-23.10.
Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај, никој. Несоница по кошмарните сништа.
Шкорпија 24.10.-22.11.
Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни, уметнички и слично. Не манипулирајте со луѓето.
Стрелец 23.11.-21.12.
Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга, ќе биде доста сериозен, па дури и мрачен. Ако тргнувате на деловно патување, проверете ја состојбата на автомобилот, дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Не е исклучена кашлица.
Јарец 22.12.-20.01.
Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Одете кон својата цел.
Водолија 21.01.-19.02.
Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Позанимавајте се со својата листа на приоритети.
Риби 20.02.-20.03.
Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно, но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Пазете се од провев.