Овен 21.03-19.04
Селективни сте со пријателите, па затоа некои луѓе може да помислат дека сте постудени како личност. Потребно ви е движење, но обидете се да не се оптоварувате и денес бидете внимателни како возите и како ракувате со електрични апарати. Лесно ќе се справите со проблемите на љубовен план. Бидете реалистични и не запаѓајте во светот на илузиите.
Бик 20.04-20.05
Зрачите со оптимизам и лесно ги освојувате луѓето, па никој и ништо нема да може да ви застане на патот. Ќе имате шанса да ги покажете сопствените извонредни способности на работното место. Ве очекуваат искушенија на љубовен план, што може да ве наведат преку ноќ да направите промени. Сепак, обидете се да не носите избрзани одлуки, кои се засноваат само на изгледот.
Близнаци 21.05-20.06
Имате потреба да побегнете од секојдневието и тоа ќе ви донесе среќа. Ве очекува ден исполнет со нови средби и остварување нови контакти. Не избрзувајте со одлуки поврзани со финансиите. Размислете добро пред да направите нешто што не ви е во интерес. Ги збунувате другите со вашето однесување на љубовен план. Без разлика дали сте сингл или во врска дајте си време да бидете сами и да размислите што треба да правите.
Рак 21.06-22.07
Не се кријте зад маски и не се обидувајте да се прикажете себеси во лажно светло. Очекувајте добри вести поврзани со финансиите и административните обврски. Некоја ненадејна средба ќе ве извади од колосек на љубовен план. Пред да донесете одлука, разговарајте со некој близок или со пријател за да можете да донесете правилна одлука.
Лав 23.07-22.08
Ништо не може да ви го расипе расположението. Полни сте со позитивна енергија и зајадливите коментари на поединци не допираат до вас. Ќе имате шанса да го направите првиот чекор за остварување на своите финансиски цели, а добро е и да размислите за плановите на поле кариера. Најголем проблем во љубовта ви е тоа што немате доверба. Ако сте во врска обидете се да не ги сфаќате сериозно шегите на партнерот.
Девица 23.08-22.09
Исцрпени сте затоа што губите премногу време на неважни работи. Ќе имате можност да сфатите каде грешите и тоа ќе ви помогне да ви се врати инспирацијата и креативноста. Можни се нагли промени на поле кариера. Ќе треба брзо да се приспособите на новонастанатата ситуација. Денес е одличен ден за комуникација со партнерот. Ако сте сингл, внимавајте кому му се доверувате.
Вага 23.09-22.10
Бидете поселективни за луѓето со кои се дружите. Ако размислите подобро, ќе сфатите дека некои од нив само се обидуваат да ви ја искористат добрината. Се соочувате со проблеми на работното место. Но, ќе успеете да ги надминете, благодарение на упорноста. Одлучно ќе ги преземете првите чекори за да ја подобрите ситуацијата на љубовен план.
Шкорпија 23.10-21.11
Дружбите со семејството и блиските најлесно ќе ви помогнат да ги наполните батериите. Полни сте со позитивна енергија. Ова е ден предодреден за успеси на секое поле, па немојте да се двоумите. На љубовен план ве води либидото, па можно е да западнете во искушенија за афери. Ако сте во врска, ќе имате можност да постигнете зголемена блискост со партнерот.
Стрелец 22.11-21.12
Не верувајте на гласини и дезинформации, додека сами не ги проверите фактите. Понекогаш е доволно само тоа што ќе успеете да ја завршите работата, па не обрнувајте премногу внимание на коментарите за вашите грешки. Партнерот мисли дека губите интерес за врската. Без разлика дали сте сингл или во врска, бидете целосно искрени за да избегнете недоразбирања.
Јарец 22.12-19.01
Ќе остварите нови контакти што ќе ви отворат голем број врати. Обидете се да не губите време и нерви на неважни работи што само ви ја црпат енергијата. Ќе мора да покажете дека брзо знаете да се приспособувате на промените поврзани со финансиите и кариерата. На љубовен план, дозволете му на срцето да ве води и препуштете им се на страстите.
Водолија 20.01-18.02
Време е да ги решите недоразбирањата. Ќе знаете како дипломатски да разговарате со луѓето без да дадете погрешен впечаток. Ве очекуваат пресврти на поле финансии и кариера. Обидете се да останете смирени за да можете да си ги остварите целите. Нема премногу страсти на љубовен план. Искористете го денот за да изградите добри пријателства и подобро да го разберете партнерот, ако сте во врска.
Риби 19.02-20.03
Конечно почнаа да ве сфаќаат сериозно на работното место. Признајте дека не залудно не сте го вложиле трудот во изминатиот период. Комуникацијата со другите луѓе ќе биде отежната. Најдобро ќе се чувствувате меѓу блиските и пријателите. Потребна ви е поголема стабилност на љубовен план. Но, не се обидувајте да постигнете нешто сосила, оставете работите да си тешат по сопствениот тек.