Овен 21.03-19.04
Луѓето ќе ви завидуваат на самодовербата и ставот кој го имате, но избегнувајте конфликти кои немаат поента. Дупло повеќе ќе вложувате труд за да го подобрите љубовниот живот и нема да ви недостасува мотивација. Поставете си нови приоритети и најдете начин да ги избалансирате обврските и времето поминато во релаксација.
Бик 20.04-20.05
Ќе стапите во контакт со интересни луѓе и може да очекувате новитети во секојдневието. Потребно ви е движење, дружење, активности со кои ќе се ослободите од насобраниот стрес, но не заборавајте и на одмор. На љубовно поле ќе ве обземат страсти, а комуникацијата ќе ви се одвива многу лесно, дури и без да кажете зборови понекогаш.
Близнаци 21.05-20.06
Склони сте кон додавање масло на оганот и ќе предизвикувате непотребни конфликти. Бидете внимателни. На љубовно поле фантазиите ви одат во крајности и може да ризикувате да си го нарушите балансот. Не гледајте натпревар секаде, работете го она што сакате и не гледајте што прават другите.
Рак 21.06-22.07
Ќе бидете малку поблаги во справувањето со другите луѓе, а оптимизмот ќе ви помогне да ги гледате работите како да не се крај на светот. На љубовно поле некои прашања кои со месеци ве мачат, сега повторно ќе стапат на сцена. Разговарајте отворено. Си ги браните интересите кога станува збор за деловни и бизнис дискусии и ќе сакате да се истакнете.
Лав 23.07-22.08
Имате поопуштен пристап кон животот и ќе се дистанцирате од грижите, додека некоја важна работа не ви го привлече вниманието. На љубовно поле имате поголемо разбирање за партнерот, а слободните на повидок имаат романтични односи со некој пријател. Одговорни сте и не оставате ништо на случајност – ако сте ветиле дека нешто ќе направите, ќе го завршите.
Девица 23.08-22.09
Го живеете животот во целост, не се грижете за детали, работите ќе си дојдат на свое место. На љубовно поле вие сте задолжени за атмосферата која ќе владее и вие ќе иницирате работи да се случуваат. Можни се добри вести кои ќе ви бидат од корист на професионално или финансиско поле.
Вага 23.09-22.10
Поотворени сте за животот и го гледате на поразличен начин, посмирени сте и тоа повеќе ви годи. На љубовно поле имате поголема независност, не се двоумите да поминете време и сами и дипломатски си ги искажувате потребите. Постојано се одржувате во зафатено темпо и не оставате време да ви е здодевно, а секој момент го користите за нешто што може да донесе прилив.
Шкорпија 23.10-21.11
Атмосферата околу вас е весела, а делумно вие имате влијание за тоа. Има поводи за славење и веселење. На љубовно поле лесно ќе ви оди комуникацијата и ќе решите некои проблеми. Инстинктот ве води во добра насока ако сте слободни. Имате нови идеи кои може да ви го подобрат професионалниот живот, може да направите планови за реализација.
Стрелец 22.11-21.12
Денот е добар за да се впуштите во решавање на нешто што одамна го одолговлекувате. Ќе си ги надминете очекувањата. На љубовно поле понекогаш вистината може повеќе да направи проблеми. Внимавајте како ќе ја изнесете. Желбата за независност ќе ве натера да имате побунтовнички пристап, но размислувајте пред да кажете нешто.
Јарец 22.12-19.01
Ќе бидете благодарни ако направите некои промени во животниот стил, откажување од лоши навики или внимавање на исхраната. На љубовно поле ќе владее мирна и интимна атмосфера, по ваш вкус. Не ги уништувајте добрите моменти со непромислени прашања. Потребна ви е мотивација за да постигнете некои цели, насочете го фокусот натаму.
Водолија 20.01-18.02
Со помош на некои трикови ќе успеете да си го олесните секојдневието со некои луѓе од околината. На љубовно поле сте позадоволни од моменталната ситуација и од тоа што успевате да се ослободите од сомнежите. Не ги ставајте сите потреби пред сопствените, завршете си ги вашите ангажмани и не оставајте ништо да виси.
Риби 19.02-20.03
Можни се некои неочекувани соработки или дружби со луѓе кои не сте ги замислувале покрај себе. На љубовно поле ви е потребно бегство од реалноста и рутините, најдете начин да промените нешто. Постигнувате значителен напредок во некои планови за иднината, нема да ви недостига мотивација.