Овен 21.03-20.04.
Ќе добиете поетска инспирација и ќе изразите љубов на необичен начин . Сепак , тоа на крај ќе биде добро прифатено. Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овојпат би можеле малку повеќе да се посветите на себе и на она што го сакате во работата. Одете порано на спиење.
Бик 21.04- 20.05.
Вашата мила личност ќе го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе вратите со иста мерка. Следува одлична соработка со личности кои се духовити , забавни , млади и креативни. Исто важи и за работата. Можна е преодна настинка.
Близнаци 21.5.-21.6.
Нема тајни меѓу вас и саканата личност, а тоа е нешто што ве радува. Ќе бидете искрени и подготвени за дружења. Вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите , па ќе знаете дека барем сте се обиделе да делувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро. Медитирајте.
Рак 22.6-22.7.
Вашите скриени чувства денеска ќе се покажат , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Денеска не ги покажувајте отворено своите идеи и замисли зашто нема најдобро да ве разберат поради преокупираноста со други работи. Никаде не треба да брзате.
Лав 23.7-22.8.
Богатството на еротиката и сензуланоста денеска ќе бидат главното обележје на вашиот личен живот. Уживајте. Можно е договарање на нов договор. Се ќе изгледа прилично амбициозно , а вие би сакале да се приземјите. Ќе знаете да ги надминете проблемите.
Девица 23.8.-23.9.
Вашата врска одличмно се развива. Оние кои уште се сами , ќе ги комбинираат неврзаните приказни и еротското заведување. Ќе настојувате мелку да се оддалечите од работата, доколку е можно. Само во мислите ќе ја анализирате минатата недела. Одете таму каде што ви е добро.
Вага 24.9.-23.10
Денеска многу зрело ќе размислувате за личниот живот и ќе барате аргументи за и против. Тоа ќе ве зајакне. Ќе се зголемат вашите деловни амбиции, но нема да бидат целосно реални. важно е да утврдите што е навистина можно, а што не. Вежбајте гимнастика.
Шкорпија 24.10-22.11.
Пред вас е ден во кој најверојатно работите ќе ви бегаат од раце , кога станува збор за љубовта. Но , ќе помине. Ќе мора малку појасно да објасните што е тоа што вие би го сакале во еден дел од работите. Послужете се со факти. Не ги земајте работите здраво за готово.
Стрелец 23.11.-21.12.
Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера во двојка , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Денеска на вашето работно место ќе биде речиси ангелска атмосфера. Сите ќе бидат подготвени за да помогнат едни на други.Немојте да се опијаните.
Јарец 22.12.-20.1.
Веројатно е дека ќе бидете доста посветени на партнерот и ќе се прилагодувате на неговите потреби. Денеска добро ќе напредуваат оние кои работат во големи компании. Малите претприемачи ќе бидат во искушение. Во добра форма сте.
Водолија 21.1.-19.2.
Ќе бидете склони за да се препуштите на се и сешто , а некои целосно ќе ги спуштат критериумните за љубов. Осамените би биле во друштво на личности по системот „дај што билo”. Дарежливоста на спонзорите , кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања , ќе биде нешто на што ќе се израдувате, но тоа создава и обврски. Прво промислете, па делувајте.
Риби 20.2.- 20.3.
Со шеги, смеа, мали провокации и слично вие ќе ги спасувате малите недоразбирања во врската. Плодовите на вашата работа би можеле да ви се присторат сомнителни. Ќе мислите дека не го заслужувате она што го добивате. Крајот делото го краси.