ОВЕН
Можно е партнерот да ви приреди пријатно изненадување или, пак, да откриете нова страна на вашата врска. Ако имате цел да ги смирите несогласувањата или да освоите нечија симпатија, пристапете со разбирање и избегнувајте критики. Ова ќе ви го донесе посакуваниот однос.
БИК
Можно е денеска внатрешните сомнежи или несигурноста да ве спречат да постигнете нешто што го посакувате. Сепак, не дозволувајте овие чувства да ве контролираат. Направете чекор нанапред, особено ако чувствувате дека е созреано времето а промени или ослободување од негативноста.
БЛИЗНАЦИ
Денеска дајте си време да се одморите и да се оттргнете од вообичаените обврски. Избегнувајте преоптоварување, одморот ќе ве наполни со нова енергија. Прекрасен ден за читање, кратко патување или едноставно уживање во тишината.
РАК
Иако е сабота, вашите мисли може да се вртат околу пари или имот. Обидете се да не се фиксирате на она што ве загрижува, туку дајте си слобода да се опуштите. Можеби дури и ќе бидете изненадени од сопствената желба за нешто посмело или необично.
ЛАВ
Денеска ќе бидете оптоварени со идеи и инспирација. Ќе имате леснотија во сѐ што бара креативност или имагинација. Избегнувајте здодевни обврски, посветете го денот на нешто што ви носи радост и ве прави да се чувствувате живи.
ДЕВИЦА
Ова не е најдобро време за смели нови чекори. Наместо тоа, обрнете внимание на себеси, што ви недостига и што ви е потребно. Прошетката, одморот или времето за хоби ќе ви донесе повеќе полза отколку многуте задачи.
ВАГА
Денеска ќе се чувствувате подобро ако избегате од рутината. Поминете го денот динамично – излезете, запознајте нови луѓе или посетете место што никогаш не сте го виделе. Нови познанства и возбудливи искуства се сосема можни, само дајте ѝ шанса на разноликоста.
ШКОРПИЈА
Дајте си можност да се оттргнете од напнатоста и да се опуштите. На вашето тело и ум им треба одмор. Прошетка или некое време одвоено само со себеси многу добро ќе ви годи. Одложете ги тешките разговори и фокусирајте се на сопствениот мир.
СТРЕЛЕЦ
Денеска ќе се чувствувате посигурни и појасни во мислите, особено за прашања кои претходно ве загрижувале. Дури и ако има непријатни вистини за кои неодамна сте дознале, ќе можете мирно да ги прифатите и да ги извлечете потребните заклучоци.
ЈАРЕЦ
Може да почувствувате непријатност ако луѓето околу вас одат по свој пат, различен од вашиот. Не ги задржувајте, подобро е да им дадете слобода и да се фокусирате на сопствените желби и задоволства. Побарајте друштво на пријатели со кои се чувствувате на иста бранова должина.
ВОДОЛИЈА
Креативните идеи и неконвенционалното размислување ќе ве водат денеска. Ако чустувате потреба да се изразите себеси, не го одложувајте тоа – денот е совршен за уметност, музика, пишување или која и да е друга форма на изразување. Ако се појави тензија, тоа може да се должи на недостиг од емпатија – обидете се да го разберете гледиштето на другата личност.
РИБИ
Ако се чувствувате под стрес или преоптоварени, размислете дали им давате премногу од себеси на другите. Денеска е време да си дадете малку грижа и време за себе. Треба да ја вратите енергијата и да се чувствувате подобро.