ОВЕН
Денеска на работното место не преземајте туѓи задачи и не делегирајте права на колегите, а дома повеќе одморајте се. Не им давајте забелешки на другите за туку-така, бидејќи на овој начин нема да постигнете ништо и само ќе ги оттурнете од себеси. Непосветените претставници на знакот може да станат предмет на измама.
БИК
Денеска финансиските прашања ќе бидат на дневен ред, а препораката е доколку имате какви и да се долгови, да сторите сѐ што можете и да ги платите. Ако работите со туѓи пари, бидете фер и не ја злоупотребувајте довербата на вашите партнери. Оние од вас кои се во врски ќе мора мирно да прифатат конструктивна критика.
БЛИЗНАЦИ
Денеска ќе ви биде во прилог доколку им дозволите на луѓето да прават што сакаат, обидот да ги контролирате ќе ви донесе разочарување, па дури и може да им наштети на меѓусебните односи. Денот е поволен за работа, доколку морате да комуницирате со повеќе луѓе.
РАК
Ќе биде добро за вас доколку денеска бидете поумерени во сè што правите, вклучувајќи јадење, консумирање алкохол и шопинг. Доколку сте биле позафатени или сте доживеале силни емоции изминатите неколку дена, не заборавајте да се одморите за стресот да не влијае на вашето здравје.
ЛАВ
Денеска посветете повеќе време на вашата омилена активност, особено ако е креативна. Доколку го правите тоа, ќе бидете преплавени со инспирација и ќе доживеете вистинско задоволство од работата. Не наоѓајте изговори како недостиг од време – кога ако не сега, ќе можете да украдете неколку часа за себеси.
ДЕВИЦА
Денеска може да бидете понервозни или напнати поради некои проблеми дома. Односите со вашите родители ќе бидат потешки – можно е да имате различни ставови за некое прашање или да се чувствувате погрешно разбрани. Одвојте повеќе време за одмор.
ВАГА
Денеска ќе имате тенденција да се препуштите на размислување и анализа, а причината за ова веројатно ќе биде некој проблем во вашиот личен или професионален живот. Можеби ќе се продлабочите во тоа на начин на кој не сте го направиле претходно, ќе сфатите како дошло до оваа точка, па дури и ќе откриете некои од вашите сопствени грешки.
ШКОРПИЈА
Денеска проценете ги купувањата што ги правите и разгледајте ги сите чекори поврзани со парите. Доколку не сте сигурни дали некое ваше дејствување е правилно или не, подобро е да почекате пред да го преземете. Ќе имате оригинални идеи и ќе ви треба повеќе слобода – и на работа и во односите.
СТРЕЛЕЦ
Денеска ќе се поштедите од некои тешкотии и нервозни ситуации доколку се обидете помалку да критикувате и повеќе да прифаќате – и околностите и луѓето околу вас, а исто така и сопствените постапки. А доколку поставите строги критериуми и имате превисоки очекувања ода вашата сакана личност, вашите деца или вашите колеги, не е ни чудо што ќе бидете разочарани.
ЈАРЕЦ
Денеска можеби ќе бидете преплавени од минатите чувства и проблеми или ќе се сретнете со некој од вашето минато. Дозволете вашите емоции да ве преземат и не ги потиснувајте, само така ќе можете да ги доживеете и да се ослободите од нив. Можеби ќе станете предмет на клевети и озборувања.
ВОДОЛИЈА
Денеска разумните дејствувањ насочени кон промени во некоја област, вклучително и финансиската, можат да доведат до многу добри резултати. Од друга страна, доколку преземете голем ризик без да размислите за последиците, би можеле да се најдете во тешка ситуација. Заклучокот е: „Размислете и не брзајте!“.
РИБИ
Вашата чувствителност и интуицијата работат синхронизирано. Денот е погоден за внатрешно разјаснување и ослободување од насобраната напнатост. Кога ќе си дадете време за одмор и размислување, ќе почувствувате како работите постепено си доаѓаат на свое место.