Хороскоп

Бикот да ја контролира емоцијата, Девицата да биде оптимист

Бикот да ја контролира емоцијата, Девицата да биде оптимист

ОВЕН

Опседнати сте со остварување на вашите цели. Тоа ќе доведе до спротиставеност со вашиот внатрешен свет, кој не дозволува избрзани одлуки, но компромисот ќе го најдете попладне и ќе се смирите. Денот е погоден за договарање деловни состаноци и разговори, кои ќе бидат успешни доколку ги одржите во присуство и на колегите.

БИК

Избегнувајте да влезете во неволја поради неточни информации. Невидливите пречки ќе ви го комплицираат животот. Чувајте ја вашата документација во совршен ред. Не препуштајте се на илузии и внимавајте на условите на коловозот доколку сте зад воланот. Контролирајте ја емоцијата која најмногу ве попречува во разговорите на работното место и со деловните партнери, доколку треба да ги имате денеска.

БЛИЗНАЦИ

Новиот почеток е поврзан со промена на вашиот животен стил. Ќе го поддржите вашиот емотивно нестабилен пријател. Променете ја средината во која работите и организирајте ја вашата канцеларија на нов начин. Размислете да разговарате со вашите строгите менаџери за деловните промени на работното место кои ви користат.

РАК

Спроведете важни деловни разговори и создадете релаксирана работна средина. Потребна ви е тишина. Сè што е започнато е успешно. Не разговарајте за договори кои вклучуваат пари, особено ако тие вклучуваат големи суми. Денот ви е успешен, но сѐ мора да постигнете самите, непропуштајќи го фактот дека предвидливоста е задолжителна.

ЛАВ

Доброто расположение ќе ви помогне да се справите со вашите обврски. Ќе ви биде тешко да изберете една од многуте покани за вечерта што ви се понудени денеска. Напорите ќе ви донесат успех. Немојте да бидете обврзани со ветувања за комерцијална активност. Деловните понуди можат да ви донесат загуби доколку сте лековерни и наивни.

ДЕВИЦА

Тешкотиите нема да ве спречат да се истакнете. Бидете оптимист. Состаноците и разговорите се успешни. Единственото предупредување е да не влегувате во расправија што е на ваша штета. Не барајте начин да ги обвинувате колегите, доколку самите сте си направиле неволји и за нив и за себеси.

ВАГА

Бидете смирени и обидете се да го промените ставот на раководството во ваша полза и докажете дека сте подготвени да ги прифатите новите предлози, доколку треба да разговарате со нив. Не се расправајте и не критикувајте ги предлозите на вашите колеги. Придобивката ќе биде и за вас. Вашата работа ве забавува. Одложете ги деловните состаноци за да избегнете недоразбирања.

ШКОРПИЈА

Со неверојатна леснотија ќе го добиете она што мислевте дека е невозможно. Имате финансиска поддршка од вашите најблиски да го завршите она што сте го започнале. Ако сте зад воланот, бидете внимателни бидејќи сте расеани и можни се сообраќајни инциденти по ваша вина. Не ве советуваме да се расправате со колегите, поради неможноста да го наметнете вашето мислење.

СТРЕЛЕЦ

Работете заедно со вашите колеги. Наскоро ќе ви се возврати за стореното добро дело. Тешкотиите се вообичаени, па со меѓусебна поддршка одлично ќе се снајдете. Судбината ве заштитува. Имате одлична можност одлично да се носите со сите ваши должности кои сте ги планирале за денеска, но го цените и знаењето на другите.

ЈАРЕЦ

Ќе мора да разговарате со вашите најблиски за нивните проблеми. Нивната помош е задолжителна и не треба да ја одбивате. Ќе ви треба многу време, но ќе ја заслужите нивната почит и љубов. На работното место не ставајте ги вашите задачи во втор план. Среќата може да ви пропадне ако одлучите да ветите финансирање нов проект.

ВОДОЛИЈА

Конечно, парите што сте им ги дале на заем на колегите ќе ги добиете назад. Потоа подгответе се за интересен и плоден деловен состанок. Чувствувате дека е време да го пронајдете патот назад кон себеси. Вратете ја рамнотежата и стабилноста на работното место и не дозволувајте некој да ви лиши од нив за да живеете во целосна хармонија со себеси.

РИБИ

Денеска сте нерасположени и без енергија. Одложете ги деловните состаноци и разговори. Не се потпирајте на вашата среќа. Не брзајте да постигнете нереални цели. Обидете се да не одите во крајности во однесувањето кон колегите, до претерана драма и агресивни реакции. Дејствувајте директно, кажувајќи го своето мислење искрено, но и деликатно.

To top