Колумни

За првпат, Таче не излажа…

За првпат, Таче не излажа…

И ќорава кокошка ќе колвне некое зрно. Исто, како што одвреме-навреме и еден патолошки лажго ќе ја каже вистината. Така и со Таче, кој несакајќи, ја призна вистината. Фројд ли е, Ахмети ли е, ама за првпат во неговата куса и катастрофална политичка кариера како насила наттурен демек премиер, Ќуран проговори вистина. Да, вест од рубриката „верувале или не“…

Во сета оваа ука-бука околу премиерлукот на Таљо Џафери алијас командант Форина, чин кој нема „благе везе“ со некакво почитување закони, устав и што и да е праведно, една работа стана јасна. Сервилноста, коленичењето, понизноста и потпушувачкиот карактер на бандата од СДСССС нема граници. Сторија, прават и ќе сторат се’ за да владејат и да крадат ко улави, макар тоа да значи и продавање на сопствената мајка. Татковината, и онака, одамна и ја раскрчмуваат и продаваат за бадијала…

И така, под притисок на одбрана на неодбранливото, Таче првпат, макар Фројдовски проговоре вистина. Не знаеше што кажа, но си кажа пустиот престолонаследник, дека номинацијата на Таљо била „скроз“ според Законот за пржинска влада. И го призна она што сите го знаеме. Јасно и гласно си срочи кој ја води оваа влада минативе години. Затоа што во тој закон јасно стои дека „техничкиот премеир доаѓа од партијата која ја раководи владејачката коалиција“. А тоа, сигурно не е СДССС. Сите предобро знаеме кој ја води оваа влада, а кој беспоговорно следи. Али пали и гаси, а Тачевци саде климаат и извршуваат. Нејсе што и самите го изменија овој ступиден закон, кој велеше дека техничкиот премеир доаѓа од редовите на партијата која освоила најмногу гласови на претходните избори. А, 2017-та тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. Та за 2020-та мораа да го сменат во оној кој ја раководи коалицијата, заради мир во куќа. Сега и за мир во коалиција.

И не е толку битно што по дезертер од македонскиот блок од Конфликтот во 2001-та сега ќе добиеме премиер дезертер од албанскиот блок, лик лично одговорен за погибијата на македонски војници. Не е ни битно што прводезертираниот (Ќуран) се прогласил за трајно неспособен само и само за да ја избегне светата обврска да ја брани татковината, а другиот (Форина) класично дезертирал од касарна за да ја урива и ништи државата со која утре ќе раководи како технички премиер. И двете злодејанија толку добро им прилегаат на двајцата експоненти на оваа антимакедонска банда која веќе седма година ја девастира и убива Македонија.

Битно е што со оваа политикантска багра дното никогаш не е допрено. Мислевте дека не може полошо од Заев, можело. Го видовте Ќуран. Рековте, ова, дефинитивно е дното? Арно ама, не било, доаѓа дезертерот Таљо. Ве тера да се запрашате има ли полошо од ова и што/кој ќе следи, а знаете дека кај овие ултра-неспосбни таленти секогаш има и ќе има ПОдно од дното.

Битно е што заблудени за некакви уставни измени и натамошни антимакедонски онижувања ЕУ и дел од водечки земји во неа од петни жили ги протежираат Тачевци, знаејќи дека суверенистичка македонска партија нема да гази по своите национални и идентитетски одредници како овие мега-одроди и неспособни хохштаплери.

Најбитно е што сето тоа им е бадијала. Џабе „везете“, а палавите северни нерани /неарнимајковци со лепливи рачиња не ги пере Вардар, ниту пак Нил, Дунав и Амазон заедно.

И не, нема да дочекаме да видиме кој е следниот „пик на драфтот“ од северџганистанската дунстерска ергела со задача да ја доуништи Македонија. Кубете, гребете, касајте, лажете, плачете, коленичете, потпшувајте, извршувајте ама каде и да е јако ќе траснете од власт. Со искрена надеж, ваков антимакедонски ужас и бедотија од владеење, никогаш да не се повтори…

Почнавме со кокошки, ќурани и народни поговорки, но нема да „завршиме“ со нив. Ова не е „гладна кокошка просо сонува“, траснувањето од власт и праќање во историја на оваа опортунистичка северна банда е единствениот излез за Македонија. Оти, без тоа, слободно може да го викнеме Чом.

Да изгаси светло…

To top