Колумни ЉУПЧО ЦВЕТАНОВСКИ

Тројански коњи и магарици

Не верувај им на Данајците ни кога дарови носат. На комуњарите уште помалку. Замисли само, изборите претседателски/парламентарни ќе ти биле и Референдум за ДА-НЕ-тра-ла-ЛА?!?!? А Таче, тој ќе ти „тепал“ на избори? Абе, ајде, како само им текна…

Тројански коњи и магарици

Чекајте, „тек“ ќе се изнагледаме на вакви „јачања“, подметачини и сценарија од неинвентивната, северна банда. Лоша, предизборна навика и атавизам од ОЗНА и УДБА-генетика. Класика.

Пред избори, како печурки ќе никнуваат превратници, незадоволници, ново-освестенковци, демек патриотски партиички за осипување на гласови, контраши со некаква, каква и да е генеза во опозицискиот табор, кратко кажано, предавници. Ги има многу, премногу. Не бадијала и таткото на македонската нација, Гоце Делчев, ќе рече: „ Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

За жал, и по 130 години, во Македонија ништо не сменето. Се изнагледавме Љубчовци, Заевци, Стојанчиња, Љубиња, Филипчиња, Денчиња, Бетиња, Муковчиња… Банда, која за да ја наброиме, ќе ни треба формат од типот на „Војна и мир“.

Туку… Како дојдовме до тоа скопската госпожа да биде Тројански коњ? Ајде, да не се лажеме, таа е тоа од самиот старт. Ок, грешка на опозицијата е што наседна на нејзиниот „фејк“ шарм, кариера и правдољубивост, грешка која многу ја чини, но сегашната финта на ЛДП (читај СДССС) и Шилежето е само продолжение на употребната вредност на цуцата која уште во 2022-та, буквално со еден потег и пребегнување, ги урна превремените парламентарни избори кои беа неминоновност и најлогичен след на настаните. Да беше ДС со нив, тие ќе го промовираа „референдумот“, арно ама не е. Па, како и секогаш – за да, демек, не биде СДСССС, им„текна“ на ЛДП, партија сателит, една од оние за кои не е тајна дека функционираат на „копче“ кое се стиска на Бихаќка. По потреба. Со гласачки габарит соодветен на куќен совет на осредна зграда…

Не мора да сте Ајнштајн за да сфатите дека од самиот старт, сопственичката на најгрдата елка во светот си е тоа – тројанец, инсталација на нечии интереси. Спомнете си, како со одметнувањето и контрирањето на ВМРО, тројанската магарица ја урна, искаља и привидно девастираше опозициската мега-победа на локалните избори, следствено со тоа урнисувајќи ги барањата за предвремени избори и насочувајќи и дефокусирајќи ја јавноста од реалниот проблем наречен најнеспособна влада во светот. И формално и правно, вака – така случајно, нели, северните ќелепури преку неа ја минимизираа победата и катастрофалниот пораз и дебакл на СДСССС и ДУИ.

И, сега?

Сега, немајќи што да кажат во предизборието и во фатален недостиг на макар еден и единствен проект со кој ќе се пофалат, популистичките и демагошки ајвани повторно ќе го прават она што најдобро го знаат. Ќе глумат, ќе припаѓаат во несвест, ќе урлаат, ќе протестират пред градските институции, ќе ламентираат против општините кои ги изгубија, та ќе излезат НВО-ата од зимски сон, та ќе собираат потписи за демек отповикување на сопствениот тројанец, па ќе галамат и ќе пејат „Бела чао“. Ќе им текне ли да ги извадат и ступидните ветви пароли со идиотското „Нема правда, нема мир“? Можеби, имајќи предвид колку се „инвентивни“, пак ќе ги измкнат и преостанатите поликолори и бои, ќе најдат нова Димова магарица и ќе удрат орно против сопствениот производ. „Фантастична“, абе милина од дигресија на сите понижувања кои им ги приредија на Македонија и Македонците во изминатите 7 години…

Туку, благодарение на нејзиниот хир немавме градски превоз, ги немаше никаде. Се удавивме во смет, пак ги немаше никаде. Се труеме до балчак, и за ова немаа абер. Сега, богати, ги активираше најгрдата елка во светот? На сеир ли се палат северните неолиберали? Не, на копче, „дугме“ што би рекол извршителот на Црпко, Таче алијас Ќуран. Така се палат. А, се „гасат“ со тендери и грантови…

Велат, давеникот се фаќа за сламка. Дали самозамислената шахистка која сите ја откачија па мора да игра со Дедо Мраз повторно ќе биде сламката за спас на северниот брод кој тоне поради стотиците дупки и кратери во нивната арамиска прикаска? Или, поверојатно, таа ќе биде само фрагмент од грдата прикаска која не очекува следните четири месеци?

Може само да замислите што хохштаплерите, свесни дека „губат ко Грчка“, смислиле за да се извадат од кашата кои сами ја смесија. Или, уште поверојатно, не можете. Вашите мозоци не работат на таа грда фреквенција и на толку безобразна, нечовечна, агресивна и искривоколчена работна температура. Широко отворете ги очите, начулете ги ушите, изострете ги сетилата, подгответе многу пуканки за сеир и добро подгответе се за најгрдата, најцрната и најлоша кампања во историјата на Македонија…

To top