Верувале или не, наттурен претседател на државата за катастрофалниот рејтинг и претстојната му селидба од Македонија цел еден час ги обвинуваше анкетарите и опозицијата. Тој и врховниот му лидер Таче Ќуран не биле виновни за ништо. Крива е опозицијата. Ако не, народот. По седум години нивно владеење…
Верувале или не, снемало бифтеци во влада. Снемало и гориво во службените аута. Првиот вицепремиер познат како Бифтек-мен ја искористил шансата да биде премиер дури Таљо бил во „иностранство“. Куку бифтеците, да, ама и кукууу на службените возила, возачи и обезбедување кои Маричиќ си ги користи за партиски активности во стилот на „к.. ми е, двор ми е“…
Верувале или не, експремиерот и актуелен мисир Таче ќе правел журка за 30-те илјади евра кои ќе и ги лапне на државата преку апанажата која законски не смеел да ја користи. И така немал други пари, сите останати милиони биле на жена му. Журката се правела во Куманово, каде тој плаќал пијачка, а јадењето било од другар му Обиџуко, кој исто така лапнал апанажно 30-вче. Претходно милиони. Оти, за нив не важеле закони. А, ако важеле, експресно ги менувале со европско знаменце…
Верувале или не, сведочиме на реинкарнација на шарените пропагандисти, кои во март 2024-та во хор залелекаа против Скопје 2014-та?!?! Ало, во 2024-та се’ уште да плачеш и кукумјавчиш за нешто од пред 10 години? Башка, во секое време „мењам“ 5 Скопје 2024-та за едно Скопје 2014-та! Северни, инфантилни бапчорки…
Да, деновиве се случиле многу индолентни злодејанија од рубриката „Верувале или не“, а народот одамна да ти отрпнал на овие катадневни северни патрдии, му биле преку глава. Проблемот е што ова се случува од 2017-та, секој Божји ден.
Се изнагледавме најразлични антимакедонски чудесии. Ете, го видовме и тоа чудо, дочекавме дури и Пендаровски еднаш да не излаже. Првпат во живот, верувале или не. На заминување, макар и пред селење од Македонија… Да, да, стариот добар Фројд си „проработи“, а Стево за првпат кажа вистина и срочи: „Во мојот втор мандат очекувам да станеме членка на ЕУ“.
Чиста вистина. И ќорава кокошка ќе клукне некое зрно, па макар и несакајќи. Не е ни свесен што кажа ајванот. Во превод – кога тој ќе добие втор мандат, тогаш ќе станеме и членка на ЕУ?!?! Да, прав е, за првпат. Гола вајстина е дека ниту Стево некогаш ќе добие втор мандат, како и дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ. Браво Стево, северно чедо искрено. Ајде, следно можеби ќе признае дека тресел и други тешки глупости и дека Гоце Делчев не е Бугарин. Кај и да е, ќе каже и Македонија. Му тргна на „бегање“ и пред преселба. Мора да се признае, го отвори селењето. Камо да се селеше почесто минативе години. Отидоа. Ластовичките на југ, Стево на запад…
Верувале или не, Стево го претрка и Ќуран, кој ко Баба Ванѓа прогнозираше 2030-та. Арно ама, Стево Исцелителот ќе не“ „внесе“ во фамозната ЕУ до максимум 2029-та, нели? Само треба да „тепа“ во 2024-та. Упс,статива…
Верувале или не, но глупоста со „датумот“ и влезот во ЕУ е морковот со кој не’ мафтаат и не’ „возат“ повеќе од две децении. И така, ние си го чекаме неверојатниот влез во ЕУ, нирваната македонска, или ќе да беше Годо. Во меѓувреме, луѓето умираат, се селат, се’ помалку се раѓаат. А ние, ние си чекаме, чекаме и чекаме… Глупоста за чекањето, перфектно опишана од нобеловецот и човечиште Иво Андриќ, кој вели:
„Да не мораат сами да ве убиваат, ве заразиле со тоа чекање кое ве одржува во живот и полека ве убива… Да заразиш некого со чекање, тоа е најсигурниот начин да владееш со него, бидејќи тоа значи да го направиш неподвижен и безопасен, потполно и засекогаш. И таа лага со чекањето е поцврста од секој затвор и од секоај прангија. Затоа што со многу среќа и вештина можеш да побегнеш од затвор, од окови човек може да се ослободи, ама од таа измама – никогаш, ни довека!“