Колумни

Претседателското јавно соочување ни откри многу нешта

Доколку работата не се заврши во еден круг, тогаш во вториот очекувам да има барем три јавни соочувања, со вкрстени прашања, со детални и прецизини одговори, а не спинови и политика, не деградација и понижувања, со дисквалификации. Потребен ни е Претседател кој ќе ја води сериозно и одговорно државата, а не шарлатан.

Претседателското јавно соочување ни откри многу нешта

На само два дена пред гласањето, јавното соочување на кандидатите за Претседател на Македонија ни откри и потврди многу нешта.

Искрено, мора да се прекине со ова лоша пракса да нема соочување јавно понеќу кандидатите, каде цела кампања ниту еднаш не разменија аргументи сите на купче. Имаше некои импровизирани формати, па интервјуа, ја лични претставувања, н ниту во еден момент, реална директна дебата. Оваа на МТВ беше единствена и од неа заклучивме многу нешта.

Ајде да ги проанализираме кандидатите по редниот број кој ќе биде и на гласачкото ливче.

Број 1 – Стево Пендаровски

Актуелниот Претседател на државата, Стево Пендаровски, кога нема напишан говор или подготвени тези со кои некако би се бранел или би ги дисквалификувал своите противници, не делува долку самоуверено. Покажува нервоза, лабави аргументи, и се смета себе си за единствено решение за наша некаква ЕУ интеграција, додека сите други би не вратиле некаде назад. Спремен  е да потпише се, што од него се бара. Едноставно, совршена марионета во рацете на тие кои ја управаат истата.

Број 2 – Гордана Силјаноска Давкова

Уште еднаш потврди дека правно и политички е најпоткована од сите кандидати. Дека го владее правото и законот, дека ги знае сопствените овласувања и ингеренции, и дека позицијата Претседател, доколку се води сериозно и одговорно, може и тоа како, и со сегашните овластувања, да биде силна позиција, контролен механизам на централната и законодавната власт. Не потпадна на навредите и етикетите од страна на Пендаровски, ниту на сатанизирањето од Османи. Можеби единствена која зборуваше во рамките на ингеренциите и овластувањата ан еден Претседател, без да води гола политика и продава партиски популизам.

Број 3 – Стевчо Јакимовски

Политичар со долга кариера, уште од времето на поранешна Југославија. Еден од ретките со толку долг стаж. Неколку пати министер, градоначалник избран четири пати во Карпош. Ставањето на црна листа на САД му предизвика нервоза и го разниша, но продолжи со својата агенда да се претстави како своевидна трета опција. Реторички поткован, но конфузен околу тоа какви ставови застапува: автентично македонски, про српски, про руски, про американски, про ЕУ… Имам впечаток дека капамањат повеќе ја водеше за да добие јавен простор за да се реафирмира себе си и ГРОМ како партија, отколку со амбиција за Претседател.

Број 4 – Бујар Османи

Човекот кој на оваа дебата беше сомлен. Едноставно сите го „јавнаа“, го замолкнаа за сите „зелени“ и тенденциозни изјави кои корстејќи ја моќта на партијата и поизицијата на министер за надворешни работи, ги даваше. На половина емисија, сите буквално избришаа под со него, тој влезе во една дефанзива, глумејќи жртва, и претпоставувам дека со неговиот пасив агресив настап денес, воочи молкот, ќе глуми жртва за крај, претпоставувам обвинувајќи ги сите за албанофобија. Салб во одговорите, млитави тези, си придава многу поголемо значење во одредени процеси одошто има, а го потепаа најмногу околу кадровските решенија за амбасадори и конзули, како и за вратените предлози од неколку држави. Дебата едноставно покажа колку е неспремен и површен. Раално, најголемото разочарување во кампањата.

Број 5 – Билјана Ванковска

Ванковска е вториот кандидат кој реално има правни познавања и капацитет, но за жал земајќи во предвид на политичкиот субјект од кој е поддржана, влезе во кампања во која се залага и навестува одлуки за кои Претседателот нема ингеренции. Да, може да опструира и блокира, но без сериозна бројка на пратеници во македонско собрание, плус пратеници од помалите етнички заедници, се то тоа би било неизводливо. Пристојно водена кампања, но забележливо е дека при дебати и на интервјуа реагира пре емотивно и брзо, брзоплето, што го ставам на грб на нејзиното неискуство во политиката, иако е јавна личност веќе долги години.

Број 6 – Арбен Таравари

Градоначалникот на Гостивар влезе во оваа кампања со поделена партија, здружена со сите други претставници на албанците во опозиција на купче, со цел да се турне ДУИ. Нешто што е за поздравување. Но впечатокот е дека ниту тој, ниту Бујар Османи не водат кампања за ПРетседател, туку за албанци гласови, иако коализиите им се не до толку етничко чисти, берам не таа на ДУИ во која има и роми, и бошњаци, и турци, и македонци. Барањата со укинување на 20% и ставање албански јазик, гласање Претседател во Собрание и еден куп предлози, немаат никаква логика во самата кампања, туку се само простор за гол популизам воочи парламентарните избори. Реално, тој и Бујар Османи беа најслабите на дебатата затоа што се занимаваат еден со друг, со етничко албански теми, и со општа политика, а не кампања за претседател.

Број 7 – Максим Димитриевски

Димитриевски се обидува максимално да се дистанцира од ставовите на неговата поранешна партија СДСМ и ДУИ како коалициска партнер. Тој енергијата ја насочи целосно на делегитимирање на Пендаровски и Османи, што во некоја мерка и успеја, земајќи во предвид како одговори дадоа, или обидувајчи се да преќутат. И тој во оваа кампања влезе да ги ојача редовите на неговиот новосоздаден политички субјект, иако мора да се каже дека не успеа да исфрли ниту еден квалитетен, а нов, впечатлив лик, за кој кампањата ќе го препознае како ново лице на партијата ЗНАМ. Со Весна Бендевска, може ќе повлече разочарани гласови на СДСМ, но нема да привлече нови и неопределени. За почит му се цврстите ставови околу името и идентитетот, но не може да го избрише моментот дека дел од структурата со и околу Заев, која не дотера до ова дереџе.

Доколку работата не се заврши во еден круг, тогаш во вториот очекувам да има барем три јавни соочувања, со вкрстени прашања, со детални и прецизини одговори, а не спинови и политика, не деградација и понижувања, со дисквалификации. Потребен ни е Претседател кој ќе ја води сериозно и одговорно државата, а не шарлатан.

 

Александар Ристевски

To top