Ликовите на премиери и претседатели од кои добри 90 насто се саде насадени и наттурени марионети, имаат тешка домашна задача да ги убедат својите народи во „благодетот“ од учеството во измисленото, компензациско „отворено семејство“ склепано како резултат на затвореноста на ЕУ, уплавот од балканските „варвари“ и нивната непожелност во чангризавата и самобендисана бриселска фамилија.
И така, Македонија, Србија, Албанија, Босна и Косово или државите познати како европските „тринаесети прасиња“ се собраа во Скопје, каде по којзнае кој пат лидерите на непожелните во европскиот клуб се со невозможна мисија и бааги тешка задача трошките од елитистичката ЕУ-трпеза на граѓаните на измислениот „Западен Балкан“ да им ги претстават како неверојатно достигнување и невиден успех .
Грдата реалност, сепак, е дека Брисел и меѓународната заедница со Отворен Балкан само ја компензираат нивната тотална неподготвеност за прием на непосакуваните балканските држави во избраното семејство.
Овие ЕУ порти широко затворени во многу што наликуваат на последното ремек-дело на Стенли Кјубрик во кое главниот лик, свесен за едногодишната желба за неверство на сопствената сопруга е втурнат во оргија во која учесниците се маскирани и под маски. Балканска верзија на „Очи широко затворени“ по евро-американско сценарио. Така и државите од измислениот Западен Балкан кој се изнедри од некогашната Југоисточна Европа, глумат со децении дека не се свесни за неверството и постојаното манипулаторство на Брисел, па благодарение на лошиот перформанс сега се втурнати во новокомпонирана и безобразна игра на елитистичкиот клуб, сесрдно потпомогната од уште еден меѓународен „партнер“. По којзнае кој пат, „несташните“ немирковци од Балканот се принудени по урнекот на куртизаните да глумат задоволство и уживање во потценувачкиот политички коитус, акт во кој одамна нема ниту предигра. Единствениот проблем е што во оваа оргија маските се одамна паднати. Последен пат со Украина…
Веројатно, балканските лидери се свесни за златните малинки кои им следуваат поради бедниот актерски перформанс соодветен на роља од антологискиот „Длабоко грло“, настап зачинет со неуверливата фацијална експресија од која едноставно извираат незадоволство и бес од наметнатата, евтина улога.
Тоа важи за сите, освен за Таче, кој не бадијала го носи прекарот Ќуран.Овој македонски мисир едноставно блеска од среќа и е тотално импониран од дадената му епизодна улога. Кај Рама, Вучиќ, па дури и кај Милојко и Курти ќе приметите гнев од наттурената ролја која ја играат насила и оти мораат, само ќелепурот Ковачевски е пресреќен, сјае на километар, мислиш гледаш ајван кој небаре го освоил светот.
Индикативно, но собиранката на Отворен Балкан ја затвара премиерската турнеја и авантура на престолонаследникот Таче. Со заминувањето на отворениот балкански циркус, заминува и неприродната кариера на октроираниот, насаден и никогаш избран премиер. Еден ден потоа, поради претстојните избори Ќуран дава оставка на позицијата на која никогаш не ни смееше да биде, ниту ќе беше да не беа Заев и социјалдемократските, северни дворски игри. Којзнае, дали на заминување ќе го повтори она што го стори на доаѓање. Да му се поклони до земја на Заев…
Она, кога Отворен Балкан затвора едно црно поглавје во македонската понова истоорија. Аирлија…