Колумни

ОНИЕ И ОВИЕ НЕ СЕ ИСТИ. ИМА РАЗЛИКА НЕЛИ!

Своевремено судиите и обвинителите од тефтерчето на Гоца со помош на адвокатите и партиите на власт СДСМ – ДУИ го почнаа урнисувањето на правосудниот систем и им завршија голема работа на дел од арамиите политичари. За воља на вистината ова беше свесно изрежирано пред са почне пишуванката во тефтерчето. Оваа судско-политичка клапа овозможи најголем дел од сторените кривични дела да застарат, еден дел поминаа со условна казна, а на други обвинети им беше овозможено да пребегаат од државата и поминат речиси неказнето. Секако дека од овој куп на погребници на судството влегува и некогаш моќниот брачен пар од сенка т.н „први гробари на судството“. По овие јадни и бедни сцени следеа специјалките и специјалците од СЈО кои наместо да ни ја кренат главата виско, тие на посебен „специјален“ начин не дотолчеа, Не згрбачија. Па потоа видовме смешни спогодби за признанија на вина, наводно издржување затворски казни, наводни конфискации на имоти во милионски суми евра, а кои по се изгледа и понатаму останаа во рацете на арамиите. Се редеа и правеа свесно „утка“ до „утка“.

ОНИЕ И ОВИЕ НЕ СЕ ИСТИ. ИМА РАЗЛИКА НЕЛИ!

И повторно во 2023 година на сцена стапува коалицијата СДСМ-ДУИ (Ковачевски – Ахмети – Груби) кои зад параванот „Европски реформи на судството“ наменски изгласаа измени на Кривичниот законик. Поточно изгласаа аманестија за себе. Се самоамнестираа. Владата на Ковачевски во образложението на измените децидно наведе дека измените на членовите 353 и 394 од Кривичниот законик кои се однесуваа на злоупотребата на службената положба и овластување и „злосторничко здружување“ биле „реликти од казненото законодавство во поранешна Југославија“. ЗАМИСЛЕТЕ тие одредби биле реликти од минатото… Ццццццццц кој невиден срам и дрскост. А големите правни експерти тогаш молчеа. Убаво им дојде упте една тезга плус.

Да ве потсетам дека тогашната заменик министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ, пред собраниската Комисијата за европски прашања за предложените законски измени рече дека намерата била да се обезбедат јасни, прецизни и цврсти описи на кривичните дела и дека предлог-измените ќе доведат до проширување на опфатот на дела за кои ќе се предвидува конфискација. Ова народски се нарекува „Мижи Асан да ти бајам“. Предлог-измените беа остро критикувани од пратениците и од лидерот на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Но, на прашањето зошто пратениците не поднесоа амандмани ќе мора допрва да се одговори. Во меѓувреме дел од судиите и обвинителите се пензионираа или го напуштија судството и обвинителството и на нивно место дојдоа нови партиско судско обвинителски кадри.

Овие сега се од некое друго тефтерче. Гледавме и слушавме како биле „квакани и доквакувани“ во Академијата за судии и јавни обвинители со чест на ретки исклучоци.

Денес министерот на МВР Тошковски и полицијата одлично си го врши својот дел од работата. Благодарение на нивната работа стотици кривични пријави се поднесени во последниве неколку недели. Судството и понатаму мудро молчи откако американската амбасадорка Агелер јавно го соголи, а обвинителството започнува внатрешно да расчистува меѓусебе. Во меѓувреме обвинети функционери и функционери за кои се
водат истражни и предистражни постапки повторно ни бегаат надвор од државата. Ни се случува стампедо и ме фаќа страв дека набрзо ќе останеме без политичари.

И еве не сега пред нови предизвици. Јас би рекол на чист односно на бришан простор. Нема нешто што сега не ни е јасно. Се е на дланка. Јасно е колкав е и кој го правел и прави криминалот. Кој штител или повторно штити криминалци. Не може казната за неплатени 200 кебачиња да биде иста како сторениот „епски“ криминал на арамиите политичари. Не смее повеќе да има бегства и заштитети како мечки политичари. Еден по еден сите пред лицето на правдата.

Сега е време да не биде инаку ќе тонеме се подлабоко и подлабоко.

To top