Како „одекна“ веста дека Таче алијас Ќуран си дал оставка?
Онака како што пука празен балон. Никако, оти нешто што е толку логично и нормално нема одек. Да, исто како што не можеш да пукнеш празен балон, ниту од секое гранче да направиш свирче, така не можеш и од неартикулиран, празен лик да создадеш лидер и државник. Амати веста дека некој кој никогаш не ни требало да биде таму, си дал оставка од позицијата која никогаш не ја ни залужувал. Реално, не си даде оставка мисирот, туку по сите глупоштии и злодејанија народот му даде ОТКАЗ. На избори…
И сега? Може ли полошо? Може, може, вели македонскиот оптимист, поучен од еден Заеб кога сите мислеа дека по Заев, алијас Црпко, не може полошо. А можело, пустото. Престолонаследникот му Ќуран го покажа и докажа на дело спротивното, а ако два пати се зезенеш, срамот оди на твоја сметка.
И така, додека Македонија (овојпат со потсмев затоа што не се на власт и не можат да прават зулуми, на страна дебаклот на избори) чека нов сеир и уште пошапшал претседател кој ќе заблеска на чело на расштиманата антимакедонска направија во слободен пад, на местото на веќе пензионираниот Таче се појави нова светлина на социјалдемократскиот хоризонт. Или тунел ќе да беше? Како и да е, време е за чочек затоа што Цаци „оберучки“ се пријави да го „мења“ мисирот, чувар на тронот кој за волја на вистината им „купи“ на СДССС и ДУИ две години владеење и исто толку време за крадење, тендери и други арамилаци.
Оти, СДСС требаше да падне пред повеќе од две години, требаше јако и без меко атерирање да трасне од земја по апокалипсата на локалните избори, следствено „резултатите“ и покажаната недоверба на народот кон издишаните, ветви северни политиканти. Арно ама, на Црпко и компанија им текна дека ќе изглумат катарза, ќе сменат раководство и ќе тераат дури се може. Поддржани со две раце од Алија. И би Таче.
Вистината е дека од прв момент се гледаше дека овој ќелепур не е за таа позиција, факт кој очебијно не го знаеше само дотичниот. И по дома гарант знаеле, ама го трпеле самобендисаниот ајван… Го трпеше и Македонија. Да, па што не поминало по неа, нели?
Сите се сеќаваме и на оцереното му фацуле, кога како циганче на цреша се радуваше што Црпко го шета по светски настани и како стара удавача го запознава со премиери, претседатели и други странски функционери кои со потсмев во очите го поздравуваа наследникот на црпното од нива човече со кое сите веќе и онака се спрдаа на “велико“. Џек-пот за Ќуран, таксират и зијан за Македонците или т.н. СДСС класика. Што е право, еднаш самиот призна дека го жегнало мешето, додека го прифаќал Францускиот договор. Така си е, тоа се слушува кога голташ без да џвакаш. А колку голтаа пустите северољупци, Миа Калифа може да им подзавиди…
И сега, шу прајме? Ние ништо, а Цаци веќе стана да ја види сала. Ќе станат и Рада – Прада, Љупче Путер, Оливер Обиџуко, Бојан Бифтек мен, можеби и војвода Зечевиќ, зошто да не и Црна Бисера. Богами, да имаш желба да владееш со ваква бедна направија на која и приличи само аутото на Мамли, кое кога застанува се распаѓа, треба да си ептен изгорен за функција. Башка лит, анационален, лукративен опортунист, на страна и суртук. А во антинационалната шклопоција да ти имало многу ликови со овие квалитативи.
Туку, се прашувам, дали ќе ја почитуваат традицијата? Според која, Таче треба да си го избере наследникот. Муртинхаузен беше едновремено чувар на тронот на Папата, направи кратка пауза, па дојде, испогани се што може и си го избра Таче. Сега, редно е Ќуран кумановски да си избере престолонаследник. СДС-месијански, според својот лик и недело, нели? Па нека крши глава со арамиската оикофобна партија во распад…
Да. Соодветен крај на една срамна, резил – ера и очекуван завршеток на антимакедонската далавЕРА, неславен крај на една северна банда која прими повеќе „датуми“ од она што Саша Греј може да прими…
За нивна жал, се покажа дека е вистина она што го зборуваме со години. Дека најопасно оружје се луѓето од мал калибар. Исто и дека најмногу „кошта“ кога на некој евтин ќе му ја дигнеш цената. И доста ние ја плаќавме. Редно е мечката да заигра во дворот на ќелешите кои со години тргуваа со националните одредници и историја. Парадоксално, пензионирани како неуспешни продавачи на национална историја. Уште поодбро, да ти ја земат слободата во обид да ја земеш слободата на самопределување на цел еден народ. Северни хохшталери вдомени во една институција со високи ѕидини.
Место каде, за нечија среќа, бифтекот е бесплатен.
Единствен проблем е што го нема на менито…