Колумни ЉУПЧО ЦВЕТАНОВСКИ

Не Исток и Запад, изборот е меѓу Северна и МАКЕДОНИЈА

Круша под круша паѓа, а брза кучка брзи кучиња раѓа. Не слепи. Сите ги раѓаат слепи, па прогледуваат за околу две недели, зависно од расата. За жал, во наша Македонија, некои ќелепури и при очи не прогледуваат цел живот. А, брзата кучка, таа ги раѓа брзи, заради генетиката, кусата – куси, спората – спори…

Не Исток и Запад, изборот е меѓу Северна и МАКЕДОНИЈА

Така и во СДС. Таче под Заев паѓа. А неспособниот лидер, неспособни функционери „раѓа“. Пуста, партиска генетика. Само сетете се на Путерот, Обиџуко, Цаци, Бифтек-мен, на Немила Царовска, на Црната Бисера и на Белиот Павле. Кој од кој, нели? Трагикомична екипа која мора да замине во заборав, заради Македонија…

И сега, соочени со изборен дебакл и одговорност на повидок, што би очекувале од една ваква набрзинка и „набафтана“ склепана партијска шклопоција? Дека ќе се фатат за работа? Не знаат. Дека ќе се натпреваруват со идеи? Немаат. Дека ќе смисуваат планови за излез и победа?

Немаат со што. Дека ќе коленичат и ќе го прават тоа што најдобро го знаат – пропаганда, оцрнување и ќе шират ступидни памфлети за некаква квази-исконска битка меѓу Истокот и Западот во Македонија? Да, дефинитивно. Пуста, удбашко-ознашка генетика. Атавизми од предците им од кои потекнуваат…

Така, ќе видите како со елан им даваат на дуевистите се’ што сакаат само за да останат со нив за да им го чуваат дворот и фотелјите. Ќе инкорпорираат амеро-британски црни листи во домашно законодавство за да се покажат колку се услужни, послушни и безрбетни, а со тоа и податни за нови „успеси“ и продажби на троа преостанатите идентитетски одредници. Ќе отвораат „70 насто готови“ градинки кои не се ни 50% изработени. Ќе ја продаваат Македонија. Или она што остана од неа…

Од Владата на заминување, која никогаш ни требаше, ни смееше да биде биде на власт и која не ни победи минатите два избирни циклуса (2017-та изгубија ко Грчка, а 2020-та „падна“ системот, башка ги „фризираше“ БЕСА) не очекувајте сега добие инстант-наплив на лесност и да замине со фер-плеј. Не знаат ќелепурите што е тоа. А знат дека долго време нема да се вратат во фотелјите. Лоша, погубна комбинација за Македонија и Македонците, кои ќе треба да ги трпат и да се справуваат со последиците и врелите костени од „работата и успесите“ на опортунистичките државни непријатели и мега-љубители на сопствениот џеб и задник.

Последен пример беше „Чебрен 2“ – безумноста со гасната централа, деновиве дадена на Грци со 50 милиони евра мираз, со однапред откупена електрична и топлинска енергија и со закопување на македонската енергетска независност за век и веков.

За нивна жал, видовме дека може и поинаку, ама експресно и тоа преку работата на техничкиот министер за внатрешни, кој сесрдно и со инстант-акција се обидува да ги ублажи ефектите од северните пасошки кашканици на бандата на заминување, јадна екипа која секогаш се нафаќа за нешто што не може и не знае да го исполни. Замислете само, новитет по 7 години пауза – та министрите можеле и да работат?!?!?

Невозможно…

А, „работат“ и северните ајвани и дрндупки, да. Ја тераат патетичната бурлеска и кампања дека ова да ти бил судир меѓу Истокот и Западот. Ок. Толку им сече, не се тие виновни. Се умислиле дека со тоа што одработуваат за некого без да прашаат, тие биле западот. Си ставиле во тоа лејќите дека да се биде сервилен, обезличен северџганистанец е исто со Европјанец. Не бе дечки, на кој било народ во Европа чепни му во историја и сувереност, очи ќе ви извадат. Не станале такви држави и нации за почит со коленичарење, попуштање и потпушување каде ќе стигнат. Се избориле за тоа што го имаат машки, со достоинство, храброст и ум. Сето она што вие хохштаплери наттурени и насадени го немате…

И доста булазните, ова не е никаков судир меѓу Исток и Запад. Ова е битка меѓу една опортунистичка армија неработници и народот, меѓу арамиите, тендераши и апатриди контра патриотите, меѓу „модерните глупоштии“ и исконското. Ова е судир помеѓу манипулаторството, користољубието и чесноста, меѓу лагата и вистината, мегдан меѓу протекторатот и суверената држава, меѓу оние кои ги боли „таквото“ за државата и нацијата се’ додека џебовите им се полни наспроти оние кои се борат за иднината на својата земја, народ и деца.

Изборите се класичен судир и буквален избор меѓу „северна“ и Македонија, помеѓу сето она што го претставуват и симболизираат двете.

А, бидејќи и најдолгиот пат започнува со првиот чекор, да ја искористиме шансата и полека да си го вратиме старото, единствено, ненавредливо, непонижувачко и реално значење на „северна“ Македонија.

Северна Македонија —регион во границите на Република Македонија, кој се протега на исток до границата со Бугарија, на север до границата со Србија, на запад до планината Скопска Црна Гора, а на југ до регионот Источна Македонија.

Точка.

To top