Тачето, пак, доби „двојка“. Директ од Каевски. Портпаролчето и инстант-газда на дузина скопски станови го отфикари партискиот прецедник затоа што пустиот мисир го сместил на 7-ца на лузерската пратеничка листа. Арам, нели? Греота, ќе остане на само 5-6 станови сиромашкиот. Оти, како и сите во СДСССС и многу пошироко, знае добро и Дарето дека 7-ца е недобитна за оваа губитничка коалиција. Уште една невозможна мисија. И Том Круз на 7-ца со оваа коалиција не добива, факт. Се’ над 5-ка е ризик, ама јак…
Со овој потег, Каевче призна дека не сака да биде листовен инвентар и уште појасно дека само се јачаат во јавност, глумат лудило и фејк-победници. Се отвори 12 прста и призна дека ќе губат ко Грчка некогаш, а сега ко Македонија со нив на чело. Си го кажа она што и врапчињата го знаат, но не е на одмет и некоја комуњара од прва рака да си признае, нели?
Уште полошо. Каевчето да ти било „у кец“ кај Таче. Чуму полошо?! Епа, ако Ќуран демек премиер станува, тогаш 7-ца од листата станува 6-ка, уште некој пред него од „заслужните“ и министер да стане, опаааа еве и „петче“. Арно ама, нити Ковачевски ќе стане премиер, нити друга коалициска дилајла министерче, добро знаат на Бихаќка. Кај си таму и ќе останеш на листа, ко опозициско пратениче со солена плата, затоа што власт нема да помирисаат следната деценија. Пензија од две ипол илјади евра за следните години владин пост. Таксират северџганистански, ама тоа ти е.
Арно ама, Таче да не е на раат. Таман се помирија со фактотдека 7-ца е недобитна комбинација, нов удар, под пазуви. Богац разочаран ги откачи и за 5-та позиција?!?!? Ауууу, па нели анкетите беа лажни? Јок, не биле, реалноста да ти била многу полоша и од анкетите. Значи, ни 5-ка не е сигурна позиција? А во ИЕ-6 и два се многу. Математички, 5х5=25. 25+2=27. Тоа би бил максимумот, а според Богац и остала разочарана/реална профитерска компанија, тоа е премногу, оти 5-та позиција на листа е ризик, прејак. Значи, 20 до 25 пратеника е новиот сон на бандата од СДСССС..
Туку, кога сме кај бандити и анонимуси, како беше онаа носителската листа на коалицијата за доуништување на Македонија? Нешто вака одеше: Ќуран во „кец“, Мрсољко у двојку, ќерката на вечно Мали Ѓокица во ИЕ-3, Заевиот Венко Корона бизнисмен во четворка, инстант-спикер Јове во ИЕ-5 и Цаци ќе стане да ја види сала во шестка?! Јако, нели?
Да не беа носители на листа на СДССС ќе помислевте дека се работи за некој клуб на искомплексирани лузери. Ги замислувате како шестмината седат во круг, станува Таче размрсулавен, дува носот и со тешка воздишка на праг на плач рика: „Здраво, јас сум Таче! Јас сум носител!“ А, другите 5-мина со натажени фацулиња, висока доза на разбирање и големо сочувство во еден глас викаат
„Здраво, Таче!“. И така, по иницијацијата на најновиот губитник во друштвото, лузерско-носителската сеанса и сага продолжува. До 8-ми мај…
Проблемот е што пред само 10 години, кој било од наведениве шест ќелепури и да фател златна рипка, немало да му текне да побара да стане „носител“, ама ни на крај памет. Ќе бил мнооогу поскромен…
Така, се гледа и од авион дека кецарошот Стево кој во 2019-та насила го стокмија за престедател ќе добие КЕЦ и на 8-ми мај, а престолонаследникот Таче од народот ќе ја добие добро заслужената ДВОЈКА. Треќа-несреќа за Стокиќ и сефте лузерска бламажа за Ќуран. Две во едно. Две „двојки“, топ-тан…
Може да си се гушнат со Стево и со „Бела чао“ (која ни омрзна од шарените глупандери) во позадина, со солзи во очињата да си заминат. Во историја, политичка. Не, не и заборав. На сето тоа му претходат институционални згрижувања.
Било и останало. Најмногу „кошта“ кога на некој евтин ќе му ја дигнете цената…