Колумни

Градскиот воз во Скопје е реалност

Ми претставува особено задоволство што она кое беше со години идеја, и за кое во повеќе наврати пишував и го поттикнував, има огромни изгледи да стане реалност. Скопје да добие свое надземно метро, или Градски воз.

Градскиот воз во Скопје е реалност

Ми претставува особено задоволство што она кое беше со години идеја, и за кое во повеќе наврати пишував и го поттикнував, има огромни изгледи да стане реалност. Скопје да добие свое надземно метро, или Градски воз.

Факт е дека на Скопје му е потребен по брз, по функционален и алтернативен превоз, пред се за луѓето од периферијата и приградските населби до центарот на градот, отколку на оние во високо урбанизираните населби, кои и така реаливно брзо стигаат на посакуваната цел, но и многу често користат возила, велосипеди, тротинети или пак такси превоз.

Концептот за „бас рапид транзит“ даваше некаква проточност на релација која и така е брза (Влае до Ново Лисиче) а е успорена само во делот од Железничка до Соборна, за кој дел уште пред скоро 15 години Коце Трајановски правеше физибилити студија за подземна траса од кај Владата до Веро Џамбо, и истата не се реализира, затоа Градот и Владата очекуваа цена од 35 до 50 милиони евра, а добија понуда од најмалку 80 милиони. Од денешна гледна точка, сметам дека Владата требаше да ја изгради оваа траса.

Факт е дека на Скопје му требаат подземни и надземни коридори, посебно за оние кои транзитираат низ градот. Скопје треба да црпи искуства од други градови со слична големина. Лисабон е добар пример за тоа. Јас не би одел со нивната варијанта за метро станици, од кои некои се со огромна длабочина под земја, со самата Железничка станица која е во срцето на градот Скопје, имаме одлична основа.

Трите стартни траси кои професорите на Градежниот факултет ги анализираат се добра основа, и за реалитивно мали пари ќе може уште годинава да се доведат до некое основно ниво, иако треба да се направат уште неколку попатни стојалишта, но и да се расчистат и средат станиците и најбитно околу истите просторот да се расчисти, осветли, оплемени и направат паркинзи и со поголем капацитет, како и нови локални автобуски линии и такси стојалишта.

Одредени делови од градот за прв пат би ко уницирале меѓусебе директно, па Железара, Скопје Север и Визбегово, ќе имаат директна Комуникација за Ѓорче и Волково, без да одат до Центар, а патувањето од над еден час и повеќе би тараело не повеќе од 20 минути. Плус жителите од овој дел на Ѓорче би стигнале до Железничка и центарот на градот брзо, без да заглавуваат во утринските и попладневни гужви по Партизанска.

Истото се однесува, и за жителите од Драчево па се до Зелениково. Веќе нема да биде проблем некој да живее и по далеку, да си купи или направи куќа, а во центарот на Скопје стигне за 20-30 минути максимум.

Исто и трасата до Миладиновци која проаѓа низ Илинден. Самиот Илинден е своевиден град залепен до Скопје. Многу наликува на Велика Горица до Загреб. Дури и со слична местоположба на аеродромот меѓу двете места. Со градскиот воз, на Илинден му се само потребни повеќе станици и големи паркинг и ткаси стојалишта, и развивање на локалниот општиски превоз.

Сметам дек градскиот воз е една нова, одлина визија за Скопје. Имаме 9 перони кои на Железничката стојат неискористени. Многу чекалници, простор кој така зјае празен. Ќе треба само повеќе лифтови и ескалатори, зголемена хигиена и брз пешачки коридород двете страни на булеварот кој поминува под Железничката, за да патниците не мора да претрчауваат на кратките пешачки премини.

Ова е треба да биде почеток, но не смее да се запре со краток двомесечен проект, туку истиот во континуитет треба да се гради, надградува, до обмислува. Да се издвојуваат краци (до Радишани, и Чучер сандево, према Ченто и Стајковци, према Трубарево, Петровец, Ржаничино до Катланово, за Пинтија и Батинци, за Усје и Сопиште, и до Скопскиот Аеродром, секако) и линиите за добијат бои, за поедноставно распознавање (сина, црвена, желта, зелена).

Вагони иако стари имаме еден куп, така седат по пероните на неколкуте поранешни претоварни станици, ни требаат само влечни локомотиви, и преадаптација со седишта како за јавен превоз, и држачи и рачки за стоење, секако и камери и обезбедување, и адаптација на пероните.

Сметам дека Скопје ќе заживее, делови и локации од градот ќе блезнат и криераат дополнителен локален економски развој. Дефинитивно ќе го олабават сообраќајот и ќе остават простор за да може да се доградат одредени подемни и надземни траси, и но и ќе го олабават притисокот за стамбена побарувачка во Карпош и Аеродром.

Добро е што Владата покажа интерес ова да се реализира како идеја. Министерот за транспорт Николоски, најави дека ќе се тера истото, гледаме дека преку директорот на Железница Инфраструктура Ивановски веќе се влечат чекори да оваа визија за Скопје се реализира. Се надевам дека оваа есен Скопје ќе добие и Градоначалник кој ќе прифати да биде дел од оваа визија и ќе го надгради и продолжи овој концепт, и ќе направи Скопје да има ваков бесплатен или исклучително ефтин градски превоз. Потребна е промена на одредени градски линии, но дефинитивно да нема веќе потреба приградските линии на авотбуси да поминуваат низ центарот на градот, туку да не направат мали и кратки краци, со лесно и брзо менување на линии, на одредени претоварни точки. Не треба да смислуваме ништо ново, само треба да копираме од странски искуства, а некој веќе ни изградил основа, уште пред 50 години.

Чим сево ова се заврши, очекувам интер рејл, за Куманово, за Велес, за Тетово и Гостивар, а зошто не преспективно и за Свети Николе и Штип, па и прекуграничко до Врање, или до Качаник и Урошевац. Овој проект треба да се развива и шири следниве 20 години. Има многу работа, но од некаде мора да се почне. Скопје тоа го заслужува!

To top