Колумни КОЛУМНА

Епопеја за Извештајот

За сите кои ја форсирате Северна, потребна ви е клиничка дијагноза.

Епопеја за Извештајот

Она што го слушаме, гледаме и читаме поврзано со извештајот на европската комисија во врска со напредокот (или уназадувањето) на Македонија кон Европската унија, може само да се донесе со епопеја.

Мало објаснување: Епопеја е низа настани што се опишуваат во епска песна и се однесуваат на голем, важен историски настан од особено значење за еден народ. (како мало објаснување за оние кои ги заборавиле одредени термини од основно).

Извештајот од европската комисија пристигна,

Македонија секој сосед ја престигна.

Во извештајот се ќе се каже,

Да не може Маричиќ да не лаже.

Сме оделе напред, не стоиме во место,

Се лажеме самите, не гмечат ко тесто.

Државата тоне, имаме деморализирана нација,

Се уште е сон за многумина, со купена диплома во администрација.

Просекот на платите расте, со кревање на минималната плата,

Системот колабира, буџетот го направија салата.

Приватниот сектор и индустријата секој ден кенка,

Следните 4-5 години, кајмакот ќе го соберат Бехтел и Енка.

Сите молчат денес, а викаа „Нема правда, нема мир“,

Девалвираното општество не им пречи, жалењето било само каприц или хир.

Доживеавме владеење на просечните, на медиокритетите,

Сладоледот се стопи, сега ги јадеме корнетите.

Народот е разочаран и понижен, нема ни за боза,

За сите кои ја форсирате Северна, потребна ви е клиничка дијагноза.

Мислам дека овој начин преку малку хумор да го протолкувам се она што ни се случува, е единствениот начин за да човек не збесне, и лутината ја изрази на друг начин. Токму затоа хуморот е техника на канализирање на она што едноставно не може да се прекрие, дека не едноставно ова е политичка структура која тоне, која е во заминување, а се влечка по секоја цена, претпоставувам, очекувајќи странците да ги спасат.

Правеа се спротивно од она што го ветуваа, го прелажаа народот, своите гласачи, своите поддржувачи, но и севкупната нација. Од својата прва постава од пред 7 години им преживеа политички само министерот за внатрешни, се друго отиде во историјата.

Да биде иронијата поголема, ко за крај си сменија закон, и на некој начин си ги амнестираа сите свои функционери, а и дел од претходната власт, од како со години ги мачеа и влечеа по судови, без да дознаеме од денешна перспектива, дали, кој и за што е виновен, или тоа било само хајка за да се истераат два мандати и да се донесат одлуки со кои народот не се согласува.

Како сакате толкувајте го извештајот. Многу лош, средно лош, малку лош, тапкаме во место… како сакате! Ама добар не е! Напредок нема!

Време е за пакување на куферите. Очекувам зимава да гледаме план се евакуација. Нови илјадници „договорци“ на шест месеци. Потоа уште еден куп „ургентни“ вработувања на непотребен кадар, на места каде има друг тип вработувања. Истурање кон раја и обичниот народ секакви видови на донации, субвенции и помош, кои и самите знаат ќе бидат форма на предизборна корупција. Секако, и повторен раст на минималната плата, кој повторно ќе повлече нов бран на инфлација. Плашење на народот дека со нив, се оди напред, а со секој друг е изолација. И секако, последната карта е фиктивни закани за дестабилизација, и подгревање на меѓуетничка и меѓу конфесионална тензија. Џабе е! Народот веќе не верува на лажговци. Можете да лажете шака партиски кадар и потрчковци, ама тоа е тоа.

После нова година следува техничка Влада, а сигурен сум дека ќе има основа и за нови епопеи!

 

Александар Ристевски

 

To top