Колумни ЉУПЧО ЦВЕТАНОВСКИ

Документски реквием на северното владеење

Како дојдоа, така и ќе заминат. Со белји, скаламуции, идиотски малверзации и многу гнев, бес и срџба во градите и и души македонски.

Документски реквием на северното владеење

Заебанциите со личните документи кои на заминување ни ги приреди најнеспособнаа влада во историјата е саде континуитет на нивната „работа“ овенчана со црн блесок во изминатите 7 години. Би ве зачудило и задумало да е поинаку, нормално, непонижувачко и да е нешто умно, нели?

Овој документски реквием на северното владеење целосно им прилега на наследниците на ликот и неделото на Црпко, дилајла која со Димитров и компанија ни ја смеси најантимакедонската каша во светот, преспанска помија за која ќе треба многу мака и труд да се извадиме од неа.

Затоа, не смееме ни „под разно“ и никогаш да ги заборавиме насмевките, триумфализмот и менувањата машни на балканскиот шпион обелоденет од Викиликс и на муртинскиот хохштаплер, црпнат од нива за да го смени исконското име и историјата на нашата држава. Северџганистански гилиптари поддржани од политиканстките креатури на анонимецот Ќуран, Обиџуко, Бифтек-мен, Цаци Салата, Љупче Путерот, Црната Бисера, Немила Царовска,Шеќерка, Стево Стокиќ, Павле Бели, Катица, Рашко, Дончев и останатата опортунистичка болумента, која за свои бели дворови со песна ни копаше антимакедонски црни гробови.

И сега, ќе се чудиме што бандата коај започна владеење со флагрантно и насилничко кршење на Устав и Деловник на 27-ми април не си заминува мирно и без натамошни белји и катастрофи? Јок, такво нешто едноставно не им стои, тоа тогаш не би биле северџганистанците од лукративното племе на Црпковци. Нормалноста, работата, почит кон државата и давање, макар нешто, за сопствениот народ, едноставно, не е во нивниот опис на работното место.

Благодарение на овие политички марионети, сега Македонците ко попчиња ќе си плаќаат по 30 евриња за некакви си „патни листи“, Тачевци ќе го полнат буџетот за да си го докрадат со Алија на заминување, другите дома ќе се чудат дали од уте ќе смеат да возат или не, па ќе им „благодарат“ за тоа што им текнало да сменат некој глуп закон за да и натаму го правиме она што го правимецел живот, бизнисмени, научници и студенти ќе си седат домче во неможност да заминат. Ете како Таче ќе ги врател младите во Македонија. Нема ни да им даде да излезат.

Земја во која најголем ќеф и достигнување е да смееш да возиш ауто или мотор. Јако. Аирлија!

Ова е единствен случај во историјата некој да се самогетоизира. Историјата е преполна со гето-ситуации, но нашата е преседан, северен исклучок од глобалните правила.

Инаку, според науката, Гетата се создаваат на три начини:

•Како заедница на доселеници (посебно ако заедницата е расно хомогена);
•Кога поголемиот дел од заедницата со насилство, бојкот или законски принудува малцинството да живее во одредена зона;

•Кога заедницата се самоизолира благодарение на својата финансиска моќ.

Благодарение на гореспоменатите дилајли од црпковистичка проминенција, од утре науката е побогата со нов „начин“ на создавање гета:

Кога една група политички корисни идиоти, безрбетни мaргиналци и Котиња со IQ33 ќе си го продадат заднико, па за да владеат и за да крадат пари како улави ќе ги продадат името, историјата и иднината на својата земја и народ, прифаќајќи безусловно и беспоговорно се’ што другите држави ќе побараат од нив.

Тик-так, тик-так, тик-так. Доаѓа 8-ми мај…

To top