Претходно, истиот тој политички дилетант на 21 јуни таа 2019-та година истресе уште една, непростлива глупост. Во интервју за „360 степени“, тогаш на Алсат, Стеки тресна: „Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин…“?!?!
Во рамки на сопствената дилајла-генеза, демек непартиски ориентираниот Стево, многу поодамна и премногу „остроумно“, со многу елан и ќеф на насобраните ес-де-есовци ќе им срочи: „Имате една предност пред нив, вас не ве качуваат во комбиња како стока!“ По што си го доби прекарот кој гордо си го носи до ден-денеска.
Зборуваме за едно набргу иселеното ликче кое со денови, додека десетици илјади народ маршираа по скопските и македонските улици, без срам и перде лажеше-сушеше дека не го видел т.н. Француски предлог, за да набргу си се самодемантира, во сопствен манир. На 16.6 2022 година тој изјави „Значи, ние во Скопје немаме видено таков предлог.“, за само по еден месец подоцна гордо да си признае „Па јас ги работев сите тие документи“?!?!?
Тогаш, а и сега, Македонија се прашуваше – кој ја говори вистината, дали Стево или Пендаровски?
Оној истиот „шеф на државата“ што јавно поддржа меѓународна истрага за Диво насеље, терористички атак во кој беа убиени 8 македонски полицајци, оној кој за два часа се самодемантираше и ги потпиша измените на Кривичниот законик со кој Црпко, Таче и Ахметовци се самоамнестираа за сторениот криминал?
Ова е саде кроки-опис на Пендаровски, ликот за кој муртинскиот визионер под импресии на Фројдовиот комплекс ќе рече „СИДРОТО што ќе не’ влече напред“?!?!
И ќорава кокошка ќе клукне некое зрно, така и за прв и последен пат дури и еден Црпко оксиморонски погоди. Да, Сидрото во координација со Ќурановите и Муртинхаузенови афинитети не’ одвлече во темните длабочините на антимакедонштината.
Не заборавајте ги никогаш експресните самодеманти, изведбата на ката Хејан Шодан при секоја изјава, редицата сидрашки парафи за спас од одговорност на врхушката на СДССС и ДУИ, па и товарањето на „стоката“ со ступидната бугаризација на Делчев… Списокот е долг, предолг за еден, „прв“ мандат. Затоа вториот треба да биде и да остане само пуста желба.
Колку треба да ти „сече“ за пак да си го гласаш?
Не треба, ич, за тоа е потребна „тапост“… Остра тапост, би рекол Заев.
На 8-ми мај, овој лик влегува во темните, црни страници на македонската историја. Дел од 7-годишната антимакедонска драма на апсурдот. Бекетовиот Годо ќе дојде денес, утре, а најверојатно вчера. Кај Стево, македонштината и да се биде претседател на сите, нема да дојдат ни вчера. Никогаш…
Во кладилниците, односот бил ваков. За вложени 100 денари дека тој нема шанси да се исели по поразот, добивате илјадарче. Обратното кладење, дека демек ќе се исели, ви носи була/нула. Оти, никој одамна не е будала да поверува дека Шиљо за првпат ја кажува вистината.
Еднаш ако ме излажеш, срам да ти е. Сто пати, арам да ми е. Горко, македонско искуство…