Колумни

Брисел се бламира, СДС/ДУИ дестабилизира, Македонија се луфтира

Бугарски сватови. Ова би била онаа „една слика – милион зборови“ за опис на инфантилните злодејанија на СДС и бандата, опо-сеир-зиција која деновиве наголемо ликува и со фацијална експресија на Саша Греј уживка во чинот на македонското одвојување од Албанија на „патот кон ЕУ“. Ѓоамити сега Тирана со брз воз и ловорики ќе ја внесат во Унијата, цццц. Уште погрдо е кога злорадоста се темели на ефектите на сопствениот француско-предлошки-Франкенштајн, преговарачки монструм кој северните експериментални глувци угодувајќи им на бугарските шовинистички предатори го создадоа во својата непредвидлива и стихијна владејачка чири-бу, чири-ба лабораторија. Неоти знаеја што прават пустите ќелепури минативе седум години, но ефектот е видлив насекаде, од Марс, не од авион, та чуму не би не „средиле“ и за ЕУ. Иако, по се’ што истрпивме поради таа пуста Унија, на сите им доаѓа и преку ЕУ…

И како што се испилуваа кукавичјите јајца на побратимската и антимакедонска тендер-коалиција, така симултано паѓаше и „рејтингот“ на направијата од Бихаќка, за која полека, но сигурно бројката на жители на Џеваир стануваше сон и пуста желба во гласови и поддржувачи…

Добри и реални, конечно, беа и ајваните на Ахмети, кои кај скопски Сарај пишаа „Спремни сме, команданте!“ Сигурно не им било баш лесно да го признаат тоа, но навистина се спремни, абе преспремни за во затвор поради дузината криминали, пљачкосувањето и девастирањето на Македонија. Ок, оправдано. Гарант, им требала силна и долга психолошка подготовка за да на 100 дена влада го соопштат истото. Епа, аирлија!

Велат, кој чека ќе дочека. Вистина било, та така и ние по седум години си дочекавме отчет за сработено од една влада. Нешто така нормално насекаде, а толку невозможно за Македонија во изминатите 7 лета. Лета во кои „немаше зима“ само за Заевци и Губиевци.

Ќе речат дека не мора да сте најголемиот работник и најинвентивниот стратег за по 7-годишен мораториум, хаос и уназадување на секое поле да покажете дека можело поинаку. Можеби е и точно, но само сетете се каде ќе ни беше крајот со северните ќелепури, спомнете си дека никој не веруваше дека „спремните“ дечки на Алија ќе заминат во опозиција, дека таа урбана легенда за неменливоста и „вечноста“е урната. Ќе помислеше некој дека Уставен ќе ја „отвори“ двојазичноста, дека некој ќе има смелост да чепне во „светоста“ на најзлоупотребуваната алатка „у свет“, наречена балансер?

Промените се случуваат, сакал некојда признае или не. И тоа се гледа од авион. Доказ е и пркосот кон актот со кој ЕУ се избламира, ама за сите пари. Ние не сме им чинеле, ама Украина си била супер?!?!? Башка, пред 7 години за Албанија, иако на исток, бевме Запад. За сегашната ситуација/позиција треба топло да им заблагодариме на Заев, Таче, Димитров, Бујар, Маричиќ, а сето тоа уназадување е така добро „подмачкано“, но не со путерот на Љупче из Паланка.

100 дена се премалку за да се изгуби мирисот на сиот тој резил напластуван 7 години, реа од национален срам, катадневни понижувања, изживувања и коленичења. Несомнено, луфтирањето ќе продолжи, ќе треба многу време за збогување со наметнатата смрдеа, башка сушење и чистење на тињата во која не навасаа сверните инфантилни и лукративни хохштаплери.

Останува само најголемото очекување на сите здраворазумни Македонци. Едно движење во обратна насока. Причинско-последичен акт и „движење“ кое сега ги разбуди „спремните“ Дуевисти и ги раздвижи уплашените есдеесовци. Уплав е во прашање, разберете ги. Предизвикан е од последователното движење кое претполага браќата патриоти од 27-ми април да одат нанадвор, а авторите на нивното затворање, арамиите и антимакедонски трговци во обратен правец. Правец – зандана. Оти поинаку, нема да не биде…

To top