Хроника

Рудар со тешки повреди донесен во болница

Рудар со тешки повреди донесен во болница

На 20.08.2024 во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н.(28) од с.Добрево, пробиштипско, информира МВР.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско.

Увид извршиле полициски службеници од ОВР Пробиштип и за настанот бил известен јавен обвинител.

To top