Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ќе ја посети Украина, каде ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски, во прва посета на индиски премиер на Киев откако Украина стекна независност од СССР во 1991 година.
Посетата е во клучен момент во војната во Украина, кога украинските сили се уште остануваат во западниот дел на руската област Курск по нивната инвазија на 6 август, а руските трупи полека, но стабилно напредуваат во источна Украина.
„Се радувам на можноста да ги споделам моите ставови за мирно решение на тековниот конфликт во Украина“, рече Моди пред патувањето. „Како пријател и партнер, се надеваме на брзо враќање на мирот и стабилноста во регионот“, додаде тој.
Посетата ќе биде веднаш по патувањето на Моди во Москва во јули, е значајна за Киев, поддржан од Западот. (МИА)