Ракомет

Алкалоид го доби грчки Олимпијакос на турнирот во Охрид

Алкалоид го доби грчки Олимпијакос на турнирот во Охрид

Македонскиот ракометен тим Алкалоид е на чекор до место во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид затоа што славеше во пресметката против грчкиот тим Олимпијакос (28-26) во рамки на второто коло.

Најдобри стрелци во таборот на Алкалоид беа Џонов, Костески и Симоноски, сите постигнаа по четири гола, а кај голманите Галески фати 12 топки, додека Кизиќ имаше пет одбрани. Кај Олимпијакос, Лијафис имаше осум, а Микалидис шест гола.

 

To top