Останати спортови

Прв пат ќе се организира „Куп на Македонија“ во билијард

Прв пат ќе се организира „Куп на Македонија“ во билијард

Билијард федерацијата го организира првиот настан насловен како „Куп на Македонија во билијард“ кој ќе се игра на 31 авхуст и 1 септември воо Скопје, при што заложбите се настанот да премине во традиција и редовно да биде во овој термин, односно блиску до Денот на независноста на државата.

На програмата ќе биде популарната дисциплина „деветка“, а натпреварувачкиот костур ќе биде дефиниран според правилата за елиминација врз база на два пораза.

Домаќин е билијард клубот „Гран Клуб“, а натпреварите почнуваат од 9 часот наутро (во сабота), додека финалето е в недела од 21 часот.

Право на настап ќе имаат сите играчи, од А и Б дивизијата, но и оние кои досега не биле членови на клуб и не се дел од федерацијата, при што е битно само да се државјани на Македонија.

Се очекува дека ќе има околу 100 учесници од 15 града, за кои федерацијата обезбеди и солиден награден фонд, но и пехари и медали за најдобрите.

To top