Познати зевс

Кој е Зевс, најмистериозниот човек на Интернет? Згоден како грчки бог, спие на пари, а секогаш оди бос (ВИДЕО)

Илан Тобијана Зевс е француски адвокат и интернет ѕвезда, а интересно е дека, иако неговата содржина е екстремно гледана, никој никогаш не го слушнал гласот на овој човек.

Кој е Зевс, најмистериозниот човек на Интернет? Згоден како грчки бог, спие на пари, а секогаш оди бос (ВИДЕО)

Илан Тобијана Зевс е француски адвокат и интернет ѕвезда, а интересно е дека, иако неговата содржина е екстремно гледана, никој никогаш не го слушнал гласот на овој човек.

Популарноста ја стекнал снимајќи еден ист тип на видеа – на нив можете да го видите како излегува од скапоцени автомобили, модерно, но лежерно облечен, одејќи опуштено, но со став, неретко бос! Одново и одново, овие видеа стануваат вирални, собирајќи милиони прегледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⚡️ZEUS⚡️ (@zeus.officiel_)

Иако е Французин, овој маркантен 53-годишник неверојатно потсетува на грчки бог, или барем на нивната приказ во уметноста, па не е ни чудо што го носи прекарот Зевс. Неговиот атрактивен изглед ги залудува жените, но и го привлекува вниманието на медиумите, додека луксузниот начин на живот што го води е уште една работа која интригира.

Долго време Илан бил нарекуван „најмистериозниот човек на Интернет“, не само затоа што никогаш не говори ништо, туку и затоа што се прославил едноставно постоејќи на Интернетот. Не пробувал бизарни трендови, не зборувал за себе до исцрпување, не танцувал ниту пак пеел, не јадел огромни количини храна, а сепак ѝ се наметнал на светската публика.

Многумина биле збунети од концептот поради кој му пошло од рака да стане познат, а бројни луѓе биле и љубопитни – од каде се сите тие пари?

Бидејќи сите тие ретки, луксузни автомобили, за кои според видеата се чини дека се неброени, а се лично негови!

Освен тоа, Зевс поседува и приватен хеликоптер, јахта со теретана и базен, неколку прекрасни имоти ширум светот, а дури и мебелот во неговите куќи вреди милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MasterKey Rent A Car (@mkrentacar)

Како Зевс стекнал толкаво богатство?

Иако изгледа дека води прилично удобен живот без многу обврски, што можеби е случај и сега, тој работел како адвокат во областа на недвижностите повеќе од 20 години, станувајќи еден од најплатените француски експерти од овој тип. Со текот на времето, тој почнал да заработува на неколку други начини – како луксузен агент за недвижности, модел и актер! Илон се појавил во неколку помалку познати филмови, но имал и епизодни улоги во блокбастери како „Кодот на Да Винчи“, „Игра на тронови“ и „Казино Ројал“. Јасно е дека овој човек е многу сестран.

Многу ретко говори или пишува за себе, но во една прилика одговорил на прашањето како дошол до толку многу пари, поставено од еден од неговите следбеници на Инстаграм. Многу работа, никогаш не сум се откажувал“ кратко прокоментирал тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ⚡️ZEUS⚡️ (@zeus.officiel_)

Не е сосема јасно дали Тобијана е оженет или не, иако некои извори тврдат дека тој е оженет и има две деца. Самиот никогаш не проговорил за тоа, но редовно споделува слики со убавата бринета Ребека Вос, па се претпоставува дека таа му е сопруга. Ребека на „Инстаграм“ е наведена како Афродита, грчката божица на убавината, а во една прилика Елон покрај нејзината фотографија напишал: „Зад секој успешен маж стои успешна жена“.

Од француските судови до ѕвезда на социјалните мрежи, Илан Тобијана Зевс покажал дека не постојат граници кога човек ја следи својата страст и има силно самоопределување.

To top