Технологија технологија

По новата „Nevera“, Мате Римац најави уште еден автомобил: „Ќе биде побрз од Формула 1“

Откако минатата недела ја претстави новата „Nevera R“, Мате Римац најави нов автомобил од неговата фабрика.

По новата „Nevera“, Мате Римац најави уште еден автомобил: „Ќе биде побрз од Формула 1“

Откако минатата недела ја претстави новата „Nevera R“, Мате Римац најави нов автомобил од неговата фабрика.

„Rimac“ планира да направи хиперавтомобил наменет само за патека со едно седиште поставено во средината, потврди самиот Мате Римац за „Motor1“.

„Сега решивме не само да ги поместиме границите во автомобилите за патишта, туку и на патеките. Затоа, градиме автомобил за патека, едносед што ќе биде побрз од кој било тркачки автомобил за повеќето патеки. Побрз од Формула 1, побрз од Ле Ман“, изјави Римац.

„Ќе ви го покажеме оваа година“

Ваков тип на автомобили е голем чекор напред за компанија која досега произведуваше само двоседи на електричен погон наменети за патишта. Автомобилот ќе има кокпит во стил на затворена купола и нема да биде базиран на „Nevera“, туку ќе биде на своја, посебна платформа.

„Веројатно ќе ви го покажеме оваа година и ќе ги направиме првите возења на патека следната година“, вели Римац.

На прашањето дали планира да започне посебна серија со тој автомобил, Римац рече дека компанијата прво планира да постави некои нови рекорди. Тој потврди за „Motor1“ дека едноседот ќе биде возило само за патека кое не е наменето за возење по патишта и нема да одговара на ниту еден постоечки сет на правила.

„Безбедноста постои, но сè останато? Нема правила. Ќе ги надмине правилата на Формула 1 или Ле Ман“, откри Римац.

Тој ја објави веста за новиот модел само неколку часа откако ја покажа својата најнова креација, „Nevera R“. Уште посилната верзија на целосно електричниот хиперавтомобил има 2107 коњски сили, со време до „стотка“ од 1,74 секунди, максимална брзина од 412 км/ч., а неговата цена започнува од 2,3 милиони евра.

To top